Андоновски: Националниот портал – uslugi.gov.mk има 240.000 корисници

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, заедно со својот домаќин, градоначалникот Тони Коњаноски, во рамки на караванот за промоција и приближување на порталот uslugi.gov.mk до граѓаните, во Битола информираа за предностите што ги овозможува националниот портал за електронски услуги.
Во изјава за медиумите, министерот Андоновски истакна дека бројот на корисници се зголемува, а во моментов посебно позитивен пример е користењето на порталот за ваучерите за електронски уреди.
-Денеска порталот има близу 240.000 корисници, што покажува голем интерес на граѓаните за електронските услуги. Сè повеќе ги користат истите, бидејќи им нудат можност побрзо да стигнат до посакуваната услуга и побрзо да си ја завршат својата работа. Посебно позитивен е примерот со ваучерите за електронски уреди за студенти, за кој услугата целосно се добива онлајн, посочи Андоновски.
На промотивниот настан во Битола, министерот ја истакна работата на Центарот за услуги во овој град.
-Би сакал да ја искористам оваа прилика и да ја информирам јавноста дека 39.000 студенти на додипломски студии веќе аплицирале и го добиле својот ваучер, а 20.800 веќе ги искористиле и си набавиле електронски уред. Битола е секогаш во фокусот на министерството, а Центарот за услуги во Битола бележи одлични резултати и висока посетеност на граѓаните, нагласи Андоновски.
Општина Битола има континуирана и солидна соработка со Министерството за дигитална трансформација, но и самоиницијативно придонесува за ефикасни дигитални услуги, посочи градоначалникот Тони Коњановски.
-Дигитализацијата е навлезена во нашиот простор, интензивно работиме да ја дигитализираме општината. Со нашиот ГИС систем нудиме информации за градежништвото, урбанизмот, имаме и менаџмент систем кој овозможува меѓусекторска комуникација во општината и непречено се следи патеката на секоја услуга од наша надлежност, истакна градоначалникот Коњановски.
Општина Битола и Министерството за дигитална трансформација ќе соработуваат и на други конкретни проекти и услуги во функција на домашни и странски компании.
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Никола Мемов, директор на ПИОМ
-

Последици од поплавите во о.Чешиново-Облешево
-

Дали снегот и годинава ќе ги изненади институциите?
-

СДСМ: Фирма со 2 вработени добила 9 милиони евра државни тендери за 6 месеци
-

ВМРО ДПМНЕ обвинува за криминал
-

Илир Демири од алијансата на Села ќе делува како независен пратеник
-

Пензионерите поделени околу протестот пред Уставниот суд
