Андоновски: Министерството за дигитална трансформација ќе одвои околу 95 милиони денари за филмот за Тоше Проески
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски најави дека по иницијатива на премиерот Христијан Мицкоски, Министерството ќе одвои 95 милиони денари за снимањето на филмот за Тоше Проески. Министерот вечли дека ова е еден од најзначајните проекти кој ќе го одбележи животот на најголемата современа македонска ѕвезда.
-Идејата потекна од МРТВ и копродукции од Македонија и Балканот, но секако инспирацијата, иницијативата, главно ја предводеше претседателот на Владата Христијан Мицкоски, и во координација со министерството за култура и со министерството за финансии, во експресно брза постапка се обезбедија средства, истакна Андоновски во утринското гостување на МТВ
Ќе се снимаат игран филм, документарец и ТВ-серија посветени на нашиот Тоше Проески. Носител на проектот е Македонската радио-телевизија, копродукциски ќе бидат вклучени неколку национални телевизии од Балканот, а финансиските средства ќе бидат обезбедени од буџетот на Македонија преку Министерството за дигитална трансформација.
-Проектот ќе го ко-финансираме со повеќе од 95 милиони денари, во копродукциски формат и мислам дека ова ќе биде нешто на кое што ќе се гордееме наредните 2 години, прво во подготовката, во снимањето ќе биде искуство за сите нас. Се радувам на тоа што оваа Влада еден од првите чекори што ги прави во првите шест месеци е нешто вакво, да се одбележи, да се остави печат за идните генерации, славејќи ја најголемата македонска музичка икона - ангел чувар на македонската нација", заклучи Андоновски. сст/цр
Министерство за дигитална трансформација
Ново на Сител
-
Андоновски: Министерството за дигитална трансформација ќе одвои околу 95 милиони денари за филмот за Тоше Проески
-
Тошковски во Турција на средба со министерот за внатрешни работи Али Јерликаја, потврдена одличната соработка меѓу братските народи
-
Во Берово и Тетово измерени - 3, во Виница и Крушево 3 степени Целзиусови
-
Зеленски во Брисел разговараше со Макрон за распоредувањето војници во Украина
-
Во Собранието ќе заседаваат три комисии
-
Втор ден од посетата на премиерот Мицкоски на Брисел
-
Презентација на предлог за олеснување на плаќањето за јавен превоз за студентите
-
Министерката Јаневска и амбасадорката Улман ќе ја посетат компанијата „Ронтис“ во Велес