Андонов: Стабилна безбедносната состојба на подрачјето на СВР – Охрид

Безбедносната состојба во рамки на подрачјето што е под контрола на Секторот за внатрешни работи од Охрид е стабилна, активностите се спроведуваат согласно законите и правилата за работа на полицијата, истакна дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Оливер Андонов кој денеска престојуваше во работна посета на СВР – Охрид.
Андонов изрази задоволство од активностите спроведени од страна на службата во Секторот за време на изминатата туристичка сезона, притоа изнесувајќи одредени статистички податоци што ја потврдуваат стабилната безбедносна состојба.
- Изминатата туристичка сезона мина без многу криминални активности и намален број сторени кривични дела. Регистрирано е опаѓање на криминалните активности во Охрид и Струга, бидејќи воглавно поголемиот број сторени кривични дела се извршени од страна на лица што не се резиденти на подрачјето на СВР – Охрид, рече Андонов.
Тој додаде дека за поздравување се и податоците што укажуваат на намалување на бројот на извршени кривични дела, како и со високиот процент од 60 отсто расветлени извршени кривични дела.
Андонов во рамки на посетата на Охрид учествуваше и во работата на Регионалната конференција за превенција и сузбивање компјутерски и финансиски криминал што се одржува во организација на СЕЛЕК – центарот за меѓународна соработка на полициите од 12 држави од Југоистична Европа.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Орце Симов, претседател на ИКТ комората
-

Пожарот стигна до куќите во Куклиш
-

Тутунарите бараат осигурување со договорот
-

Нема труење во Тетово - цревните инфекции доминираат во педијатриските оддели
-

Владата бара Китановиќ да го повлече ставот за Младиќ или да си поднесе оставка
-

СДСМ бара транспарентност за дата-центрите, ВМРО-ДПМНЕ уверува дека носат развој
-

„Градски воз“: За 25 минути од Зелениково до Железничка - едносмерен билет 40, повратен 70 денари
-

Успешна туристичка сезона во Дојран
