Анчелоти: И при 0:3 знаев дека ќе го поминеме Челзи
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти ги искажа своите впечатоци по елиминацијата на Челзи во четвртфиналето од фудбалската Лига на шампиони.
Реал синоќа на домашен терен загуби со 2:3 по две продолженија, и со вкупни 5:4 оди во полуфиналето. Гостите од Лондон до 15-ина минути пред крајот имаа резултат од 3:0 кој им беше доволен за пласман во следната фаза, но Реал најпрво намали на 1:3, а во продолженијата постигна уште еден погодок за вкупна победа.
– Влеговме на натпреварот како без желба да постигнеме гол. Очигледно моите играчи мислеа дека гол не ни е неопходен поради високата победа на првиот меч. По 0:3, се почувствував послободно, а магијата на „Сантијаго Бернабеу“ му се откри на светот. Се зборува дека шпанските клубови се послаби од англиските. Но, има два клуба од Ла Лига во полуфиналето на Лигата на шампионите, а два англиски се елиминирани, изјави италијанскиот стручњак и предводник на Реал.
Во полуфиналето Реал Мадрид ќе се сретне со победникот од натпреварот Манчестер сити – Атлетико Мадрид.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Благоја Ралповски, KСС
-
Започнува изградбата на автопатот Тетово - Гостивар
-
Започнува изградбата на автопатот Тетово - Гостивар
-
Средба Мицкоски - Таравари во текот на неделава
-
Светски ден на слободата на медиумите – 3 мај
-
Сител анализа: Зошто жените заработуваат помалку од мажите?
-
„Од врата до врата” за поголем опфат со вакцини и избегнување на епидемија со морбили
-
Родителите мора да ја почитуваат реонизацијата при запишување на првачињата