АНБ: Одземени огнено оружје и мобилни уреди при претреси на две локации во Скопје
Агенцијата за национална безбедност (АНБ) соопшти дека денеска при претреси на две локации во Скопје одземени се огнено оружје и мобилни уреди.
- Во врска со претходно обезбедените податоци на Агенцијата за национална безбедност, во координација со Министерството за внатрешни работи, на ден 19.07.2025 година, по наредба на Основното јавно обвинителство Скопје, беше извршен претрес на дом и други простории на две локации во Скопје, по основ на член 396 од Кривичниот законик – недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи. При претресот беа пронајдени и одземени огнено оружје и мобилни уреди, кои ќе бидат предмет на понатамошна форензичка анализа,. се вели во соопштението од АНБ.
Лицата кај кои беше извршен претрес, стои во информацијата, се веќе познати на Агенцијата за национална безбедност и органите на прогонот поради нивни претходни против уставни активности. Едниот од нив има и одлежана затворска казна поради учество во насилните протести поврзани со случајот „Монструм“.
Случајот е во понатамошна постапка и обработка од страна на надлежните институции, информира АНБ.
МИА
Ново на Сител
-
Во Тетово се гради меморијален парк за жртвите во пожарот во модуларната болница
-
Кадарот во хотелско угостителскиот сектор болна тема
-
Заштитена средновековната кула на локалитетот Пирго, дел од одбранбениот систем на Цар Самоил
-
Преглед на вестите од светот
-
Поништен изборот за судија во Стразбур, Владата формираше нова комисија
-
Тема на денот со Сузана Јошевска Анастасовска, адвокат
-
Приведено лице поради обид за подметнување пожар кај брана Водоча, обвинителството бара притвор
-
Владата бара нови кандидати за ЕСЧП