Анархисти со боја и летоци ја нападнаа солунската Митрополија
Група анархисти фрлија боја и летоци и испиша слогани во дворот на солунската митрополија, а полицијата, според грчките медиуми привела две лица, кои подоцна биле ослободени, јави дописничката на МИА од Атина.
Анархистичката група „Иницијатива за слобода од Солун” ја презеде одговорноста за инцидентот, велат дека тоа го сториле против „темнината на национализмот” и во знак на реакција и протест за настанот организиран во неделата во Солун од 22 т.н. Православни христијански здруженија на кој главни теми беа Договорот од Преспа, Нелегалната миграција во Грција и демографското прашање. Настанот беше под наслов „Ние не се согласуваме”.
-Што може да е заедничко за Договорот од Преспа, „нелегалната миграција” и „демографското прашање”? Пред сѐ ова се темите на настан со наслов „Ние не се согласуваме” организиран од 22 Христијански здруженија во центарот за конференции „Велидио” во Солун. Горенаведените оски претставуваат основна идеолошка агенда на конзервативците и радикалните десничари. Во моментов, конкретната агенда се промовира од владата, црквата, религиските и парарелигиските групи, фашистичките организации, градските десничарски и радикално десничарски партии, пишуваат анархистите.
Паралелно, објавија и видео од, како што тие велат, „интервенцијата во солунската митрополија” во текот на ноќта.
Ново на Сител
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка
-
Благодатниот оган се спушти во храмот над Светиот гроб во Ерусалим
-
Серафимов: Цената на месото не е зголемена за Велигден
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона