Македонија
8. јуни 2018 - 8:34

Анализа на законската рамка за регистрација на нерегистрирани лица

Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Министерството за труд и социјална политика и Претставништвото на УНХЦР во Скопје денеска организираат настан на кој ќе се презентираат заклучоците од  „Анализата на правната рамка поврзана со матичната и граѓанската регистрација во однос на спречување на бездржавјанството".

На настанот, како што соопштија од Канцеларијата на ОБСЕ во Скопје, ќе се обратат државниот секретар во Министерството за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, в.д. шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Џеф Голдстајн, претставникот на УНХЦР во Скопје, Дејан Кладарин и шефот на оддел во делегацијата на ЕУ, Вирве Вимпари.