Анализа: Како ќе влијае украинската криза врз снабдувањето и цената на гасот?
Европа ќе изгуби многу со одлуката на Германија да го сопре Северен тек 2, сметаат експертите. Велат ако западот продолжи со санкции кон Русија поради Украина, а Македонија ја следи, единствено што може да се случи е цената на рускиот гас од кој е зависна Европа да оди само нагоре, а тоа на никому не му е од полза.
Дел од земјите одлуката на Германија ја оценија како добра, дел сметаат дека е погрешна. На берзите во Европа веќе почнаа да се чуствуваат првите ценовни шокови од конфликтот на релација Исток- Запад. Цената на гасот достигна до речиси 1.000 долари.
Инаку, преку Северен тек 2, гасот директно требаше да се испорачува во Германија, со избегнување на копнениот пат во Украина. Уште кога почна да се реализира, Киев ја предупреди Европа дека може да биде користена од Москва за политички и економски цели.
-
Ирена Чачкова
Сите содржини од овој новинар