АНАЛИЗА: Историски пад на невработеноста- резултат на синергија од мерки и инвестиции
Државната статистика покажа историски пад на стапката на невработеност во третиот квартал од годинава, на најниски 25,5%. Податоците покажуваат дека во изминативе 10 години во Македонија се отворени околу 150.000 нови работни места, анализира Лидер.
Ако подетално се анализираат податоците, може да се заклучи дека ваквиот пад на стапката на невработеност, претставува резултат на добро поставените економски политики, активните мерки за поттикнување на вработувањето од страна на владата, како и сѐ поголемиот број странски инвеститори кои вложуваат и отвораат нови работни места на македонскиот пазар, велат експертите.
Според универзитетскиот професор Томе Неновски, владините мерки за вработување кои ги користи домашниот приватен сектор и влезот на новите странски инвестиции значително ја менуваат сликата на пазарот на труд.
„Нивното влијание и директно и индиректно преку ко- партнерство со домашни фирми упатува на тоа дека голем број од невработените веќе нашле работно место, и не само тоа, се зголемува и конкурентноста на пазарот на трудот, нешто што долго време ни недостигаше. Уште еден факт е тоа што тие ја зголемија мобилноста на пазарот на трудот“, смета професорот Неновски.
Според универзитетскиот професор Јован Пејковски, позитивниот тренд на отворање нови работни места се должи на бројни фактори како економската активност, инвестициите и активните мерки на Владата.
„Од една стана имаме значителни инвестиции во инфраструктурата кои повлекуваат значителен капитал и значителен обем на работна сила. Од друга страна има активни политики за вработување кои се двострани- и на страна на работодавачите и на страна на работниците. Работодавачите се стимулирани да ангажираат работна сила со тоа што трошоците за неа ги покрива државата. Во овој случај, во една синергија на повеќе мерки, како и инвестиции, и домашни и странски, како и поттикнувачки мерки и активни политики се влијае на невработеноста“, објаснува професорот Пејковски.
Експертите нагласуваат дека од големо значење се мерките и активните политики од Владата, кои придонесуваат за самомотивација, колективација на претприменичките активности, односно сопствено економски самопонудување на лицата кои што имаат идеја, имаат шанса, а преку финансирање со разни поттикнувачки мерки се самовработуваат.
Истовремено, постојат и мерки и за работодавачите, кои што исто така се мотивираат да отвораат нови работни места. Воопшто, овие мерки позитивно дејствуваат во макроекономската сфера и со самото тоа се создаваат можности за нови работни места.
Ефектите се видливи!
Сѐ поголемиот влез на странските инвеститори во земјава, придонесува забрзано да се отвораат нови работни места. Покрај тоа што странските компании влијаат врз директно на пазарот на труд, тие дејствуваат и индиректно, па преку соработката со домашните компании, тие дополнително ја поттикнуваат потребата од нова работна сила.
„Голем придонес кон намалувањето на невработеноста во земјава имаат домашните компании, но и странските инвеститори, како и зголемената соработка меѓу нив. Домашните компании преку своите развојни проекти, односно инвестиции вработуваат нови луѓе, меѓутоа исто така ги користат активните мерки за намалување на невработеноста. Така, мерките од проектот Македонија вработува претставуваат исклучителна можност за компаниите да ги прошират своите човечки капацитети“, смета претседателката на Сојузот на стопански комори, Данела Арсовска.
Намалувањето на стапката на невработеност, велат познавачите, е основ за намалување на сиромаштијата, односно за раст на стандардот.
Различно е кога во едно семејство ќе има една или две плати, и со самото тоа расте стандардот и се обезбедуваат подобри услови за живот.
„Луѓе кои седеле дома во без надеж, апатија, и нервоза, со чувство за бес перспективност и немање верба во никого, денес имаат свое вработување, свое работно место, своја плата, осигурување, иднина, перспектива, надеж, елан. Ова дава сила, дава мотив да продолжиме со ова темпо на работа и со овој начин на водење на економијата, создавање на добра бизнис клима и привлекување инвеститори кои отвораат нови работни места“, вели премиерот Никола Груевски.
Според аналитичарите, евидентен е ефектот на синергијата од мерки за вработување и влез на странските инвеститори врз пазарот на труд. Податоците покажуваат дека за една година вработени се 20.000 лица, додека само во последниве седум месеци, преку проектот „Македонија вработува“, вработени се 10.100 лица.
Според проекциите, невработеноста се очекува до крајот на 2017-та година и почетокот на 2018-та да падне под 22 проценти.
Ново на Сител
-
Граничниот премин Рафа меѓу Газа и Египет ќе се отвори на 14 октомври, соопшти Италија
-
Путин: Трамп направи многу за мирот
-
Израел: Хамас е поразен „секаде каде што се боревме против него“
-
Мерц најави помош од 29 милиони евра за Појасот Газа
-
МП: Венецијанската комисија даде позитивно мислење за предлог законите за јавно обвинителство и за Советот на јавните обвинители
-
ДИК одобри акредитации за меѓународни и домашни организации за набљудување на локалните избори
-
Коцевски со писмо до комората бара адвокатите да не го злоупотребуваат предметот Пулс
-
Двајца Срби пробале да шверцаат 23000 кутии цигари во земјава - добија парична казна и протерување од државата