Ана и Раста ангажирале дадилка - еве колку ќе и плаќаат за почеток
Ана Николиќ и Стефан Ѓуриќ Раста од мали нозе ја навикнуваат ќеркичката да биде со дадилката, која ќе биде на пејачката десна рака.
Сопружниците Ана Николиќ и Стефан Ѓуриќ Раста неодамна станаа родители, а за помошта околу подигањето на нивната штотуку родена ќерка Тара, ангажираа и бебиситерка.
Бидејќи Ана се породи со царски рез, некое време нема да може во целост да и се посвети на Тара. Дадилката ќе и биде десна рака, додека нејзиниот сопруг биде отсутен, поради договорените настапи.
„По препорака на пријателите ангажирале и жена која веќе има долгогодишно искуство во таа работа и многу брзо се договориле со неа“, изјави извор близок до двојката.
„За почеток за платата од 500 евра, бебиситерката ќе има обврска 12 часа, шест дена неделно, да минува со малата Тара. Веќе неколку дена, дадилката и помага на Ана во обврските околу бебето и засега тоа одлично функционира“, вели извор, близок до популарната двојка.
Иако и бабите се тука за малата Тара, пејачката сака да нејзината ќерка од првите денови навикне на дадилката, која ќе биде тука и кога Ана ќе се врати на работата.
Ново на Сител
-
ДКСК бара ревизија на законите за издавање лиценци
-
Панел дискусија: Борба против корупцијата - иновации против нелегалната моќ
-
Објавен годишниот извештај за почитување на човековите права
-
Формирање на задруги за подобар пласман
-
Преглед на вестите од светот
-
Од петок маркетите ќе ги објавуваат цените на сите производи на интернет
-
Ја менува ли политиката Германија кон проширувањето
-
Мицкоски во Обединетите Арапски Емирати