Џет-Сет
8. November 2017 - 13:00

Ана и јас се разведовме:Раста се огласи преку отворено писмо и направи нешто што досега го немаше направено

Веста за разводот на Ана Николиќ и Стефан Ѓуриќ познат како Раста одекна како бомба. 
 
Пејачката пред неколку дена признала дека донела одлука и решила да стави крај на бракот со раперот, како и дека тоа и е најголемиот пораз во животот.
 
Сепак, за својот поранешен сопруг има само убави зборови. 
 
По Ана се огласи и Раста, и тоа на ист начин. Имено, тој на својот профил на Истаграм објави отворено писмо.
 
 
- Никогаш ова не сум го правел, но кратко ќе ви се обратам со оглед на тоа дека читате разни бљувотини и лаги. Ана и јас се разведовме, но Ана и јас имаме нешто нераскинливо, а тоа е Тара, смислата на нашиот живот и најубавата работа која ќе не поврзува засекогаш. Ана е прекрасна мајка што јас и Тара можевме само на лотарија да ја добиеме. Затоа на некој начин секогаш ќе се сакаме, напишал Раста на својот Инстаграм