Ана е разочарана: Раста открива поради што се уште се кара со неа
Разводот на Ана Николиќ и Стефан Ѓуриќ Раста веќе со месеци е енигма, па така никој повеќе не е сигурен во какви односи е оваа двојка, бидејќи одлучија да стават крај на брачната заедница.
Пејачката во првото јавно обраќање порача дека нивното семејство се распаѓа и дека тоа го доживува како најголем животен пораз, но продолжија да настапуваат заедно, раперот вредно работи на песните за нејзиниот нов албум, а згора на се папараците често ги фотографираат заедно.
Во последното интервју, Раста не сакаше да ги коментира овие наводи, но призна поради што и натаму се „кара“ со својата поранешна сопруга.
-Тара ни е некоја постојана препирка. Мислам не се карама, но Ана е малку разочарана што Тара многу личи на меен, рече тој смеејќи се и додаде:
-Секако, тие расправи се на шега и јас секогаш велам дека таа личи на двајцата. Неверојатен микс е на нас двајцата и просто не можам да поверувам дека на тој начин во едно битие може да постојат две личности, дека е живо и дека е доказ... на нешто, изјави Раста за емисијата „Гламур“, а во конструкцијата ја оваа реченица евидентно беше дека не можеше да ја изговори синтагмата „доказ за љубовта“ или барем тоа не сакаше да го направи пред камерите.
Ново на Сител
-
Марш на ангелите во Кочани - болката се претвори во крик на очај
-
Тема на денот со Ана Ангелова Валпони, професор на Кингс Колеџ - Лондон
-
Марш на ангелите во Кочани
-
Истрага за оружјето со кое биле убиени Вања и Панче
-
Првата група повредени се смести во центарот за рехабилитација на Пониква
-
Растење на природен заб во лабораторија - научен подвиг со македонски потпис
-
Костадин Костадинов очекува поддршка за нов мандат во Струмица, тврди дека на сите анкети води со 3:1
-
21 јуни денот на Охридското езеро