АМСМ информира за состојбата на патишта
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, а на осојничавите места во западниот дел наместа со остатоци од кашест снег по интервенција на екипите на Македонијапат.
Сообраќајот на патниот правец А3 Прилеп – Битола – Ресен преку Обиколница Битола е во прекин поради свлечиште и сообраќајот се пренасочува преку градот Битола. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.
АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Мак. Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Д. Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.
Од 15-ти Ноември на сила стапи законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 Март 2017 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува за македонската страна на премините.
Ново на Сител
-
УХМР: Следува период на претежно стабилно време
-
МОН: Испораката на учебниците завршува деновиве, електронскиот дневник функционира без проблеми
-
Турските власти минатата година блокирале над 311.000 Интернет страници
-
Неготинскиот градоначалник пријавил заканувачки пораки
-
Сообраќајка помеѓу четири возила на патот Скопје - Велес
-
Меџити нема информации дали бил прислушуван од АНБ
-
10-годишно дете нападнато од двајца соученици, едниот од нив снимал со телефон
-
Руте: Мир ќе обезбедиме преку сила