-->
-->
АМС свечено ги додели ваучерите на спортските надежи
-->
Агенцијата за млади и спорт за развој и унапредување на младите спортисти во Република Македонија продолжува со доделувањето стипендии на 500 млади спортисти.Стипендиите се доделуваат на спортисти, кои оствариле резултати на официјални државни и на меѓународни натпревари за возрасни категории до 20 години државјани на Република Македонија, во олимписки и параолимписки спортови. Проектот е започнат со реализација во 2008 година, а стипендијата изнесува 20% од просечна нето плата исплатена во Република Македонија во претходната година (околу 4.400 денари на месец – 10 месеци во годината).
Стимулот на младите од овој тип ќе значи многу за талентиртаните спортисти да опстанат во битката за градење на професионалниот лик и за создавање идни репрезентативци, кои ќе ги бранат боите на државата.
“Досега, во изминатите 8 години се доделени вкупно 3804 стипендии, а со овогодинешните 500, бројката ќе се искачи на преку 4.300 стипендии, за што од буџетот на АМС се издвоени околу 2.5 милиони евра.
Како директор на институцијата која се грижи за развој на спортот, сакам да ви порачам упорно да тренирате, да бидете посветени, да ги слушате вашите тренери и верувајте успесите ќе тропнат на вашите порти. Затоа, бидете посветени, напорно тренирајте, а Агенцијата за млади и спорт ќе биде секогаш тука за вас, ќе го следи секој ваш чекор и ќе го вреднува секој ваш успех, бидејќи тоа ќе биде успех и на Република Македонија“ - истакна директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кривична пријава против фудбалерите на Гостивар за напад на полицајци по мечот со Струга
-
Облачно, локално со повремени поројни дождови
-
Цените на производите во грчките супермаркети речиси непроменети во споредба со лани
-
Се подготвува нов модел за привлекување патници, преговoри за авиолинија од Будимпешта до Охрид
-
Администрацијата на Трамп ќе замрзне милијарди долари грантови за Харвард
-
Анкета на ЈуГов: Трета светска војна е веројатна за пет до десет години
-
Tриесет и четири години од загинувањето на Сашко Гешовски, прва жртва при распадот на Југославија
-
Трамп за фотографијата на која е претставен како папа: Не им се допаѓа на фејк медиумите, католиците ја сакаат