-->
-->
АМС: Прием за носителот на бронзен медал Заборски
-->
Македонската карате репрезентација за кадети, јуниори и постари јуниори, во Софија, Бугарија изминатиот викенд се покажаа во одлично светло, а нашиот репрезентативец Петар Заборски го освои бронзениот медал во највисоката младинска категорија, У-21.
-Карате спортот е во голем подем и има голем потенцијал, а во последниве неколку години имаме неколку европски шампиони и вице-шампиони во повеќе категории и во машка и женска конкуренција, со што карате спортот дефинитивно е меѓу најуспешните и најтрофејните спортови во земјава. Тоа се докажа и на ова Европско првенство. Со овој огромен успех, македонското карате продолжува да ги испишува светлите страници во својата спортска историја. Практично, ова е прв медал за македонското карате, откако овој спорт стана дел од Олимпиското семејство, истакна директорот на Агенцијата за млади и спорт на пресот организиран во куќата на спортот.
Тој упати честитка до сите репрезентативци, до тренерите и целокупниот стручен штаб на карате репрезенатацијата за големиот успех и порача дека Агенцијата за млади и спорт и понатаму финансиски и логистички ќе го поддржува карате спортот во државата.
-Голем дел од нашите репрезентативци се и носители на стипендиите, кои ги доделува АМС, како и на највисокото спортско признание, Националното спортско признание – Спортска пензија, со што им оддаваме почит и јавно признание и докажуваме дека државата се грижи и понатаму ќе продолжи да се грижи за врвните спортисти, кои ја промовираат Република Македонија на меѓународната спортска сцена.
Во таа насока, носителот на бронзениот медал од ова ЕП, Петар Заборски ќе се стекне со стипендија од меѓународна категорија, Согласно законот за спортот и Правилникот за категоризација, односно во следните 2 години ќе добива месечен паричен надоместок во висина од нешто повеќе од 1 просечна плата, додаде Спасески.
За импресиите од Европското првенство на кое наспапија преку 1000 каратисти од 50 држави во Европа зборуваа и селекторите во борби Кузмановски и Хусеини, како и селекторот на Ката тимот Андриевски.
Текот на борбите и начинот на кој дојде до бронзата во Софија беше опишан од медалистот Петар Заборски, кој вети дека со уште поголема желба и ентузијазам ќе работи кон остварување и на светско одличје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Артета: Сочувствувам со Гвардиола, минува низ пекол
-
Сиљановска Давкова за инцидентите со знамето: Повикот за разум, толеранција и дијалог е клучен во вакви моменти
-
Откорната плочата на почесниот конзулар на Србија во Куманово
-
До 5 години затвор за лицето кое го запали македонското знаме во Скопје | ФОТО
-
Кошта: Треба да работиме на проширувањето на ЕУ без вештачки временски рокови и бесконечни пречки
-
ОЈО: Предложен притвор за три лица за предизвикување меѓунационална омраза
-
Педесет и седумгодишен маж пронајден починат во својот дом во Кисела Вода
-
Куманово: 20-годишник приведен за непочитување на наредба на ненајавен собир по повод Денот на албанското знаме