Амнести: Властите во Србија мора да ја прекинат незаконската употреба на сила против демонстрантите и да истражат пријави за полициско насилство
Организациите „Амнести интернешнл“ (Amnesty International) и „Заштитници на граѓански права“ (Civil Rights Defenders) издадоа заедничка изјава во која наведуваат дека „видеата од српската интервентна полиција како напаѓа мирни демонстранти собрани на уличните блокади и пред универзитетот во Белград се алармантни“.
„Има голем број апсења и бројни обвинувања за прекумерна или на друг начин незаконска употреба на сила против студенти - како за време на самите протести, така и за време на апсењата и притворањата од страна на полицијата. Властите мора итно да истражат и да ги објаснат информациите за маскирани лица во цивилна облека кои ги напаѓаат демонстрантите“, се вели во соопштението.
Се додава дека „иако државата има одговорност да обезбеди јавен ред и да одговори на поединечни инциденти на насилство, употребата на сила мора да биде последно средство и секогаш строго неопходно и пропорционално за да се постигне легитимна цел“.
„Грубото потиснување на мирното несогласување не може да се оправда. Српските власти мора да дејствуваат воздржано и да обезбедат граѓаните да можат безбедно да учествуваат во протестите и слободно да го изразат своето незадоволство без страв од заплашување, вознемирување или насилство. Недејствувањето во оваа насока може дополнително да ги зголеми тензиите. Случаите на незаконска употреба на сила од страна на полицијата мора итно и независно да се истражат, а полицајците за кои постои сомневање дека дејствувале незаконски мора да бидат одговорни пред законот.
Се додава дека „лидерите на ЕУ треба јасно и недвосмислено да го осудат секое кршење на човековите права на демонстрантите и да нагласат дека обезбедувањето на правото на мирно собирање и слободата на изразување е клучно во процесот на пристапување на Србија кон Унијаta“.
Во Белград, Нови Сад, Шабац, Крушевац, Крагуевац, Ваљево, Смедерево и други градови, на повик на студенти и граѓански собири беа организирани блокади на патиштата, а дел од нив продолжуваат и вечерва.
Во исто време, полицијата приведе дел од собраните на различни локации, вклучувајќи малолетници, студенти, професори, граѓани...
Во Судот за прекршоци во Белград изјавија дека денеска се приведени вкупно 40 лица.
Ново на Сител
-
Бујар Османи кандидат за градоначалник на Чаир, Таравари добива четири, а Села три општини
-
Тема на денот со Антонио Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
-
ДУИ носи одлуки
-
Работничка останала без работа откако кажала дека е бремена - КСЗД утврди дискриминација
-
Сите чекаат Димитриевска сама да замине од Антикорупциска
-
Академската фела со реакции за предлогот за заедничка резолуција со Бугарија
-
Мицкоски: Бугарија може да покаже дека е добар сосед
-
Лефков: СДС и Венко Филипче се ставаат во служба на Бугарија за лични интереси