Амфилохије: Магии се кога Ана Брнабиќ ќе ја поставиш за премиерка

Митрополитот на Црногорско-приморската епархија на Српската православна црква (СПЦ), Амфилохије не престанува со острата реторика и напади врз државниот врв на Србија.
Одговарајќи на реакцијата на генералниот секреатар на Кабинетот на српскиот претседател Александар Вучиќ, Никола Селаковиќ за РТС дека Амфилохије „се занимава со магии кога говори за предавство на Косово“, митрополитот за црногорскиот весник „Дан“ изјави дека се прашува кој всушност се занимава со магии, тој или шефот на државата.
- Ако Вучиќ првпат во историјата на српскиот народ една таква личност (како Ана Брнабиќ) ја постави за премиер, која наводно треба да биде пример за српските мајки и сестри - тоа се магии, а не она што го говорам, изјави митрополитот.
Тој порача дека „тие господа треба малку да ги намалат приказните и да не бараат сега некаков дијалог за Косово“.
- Каков дијалог, кога него народот го избра за претседател на Србија. Не може сега тој да ја симне одговорноста од себе и да да ја пренесе на друг. Што очигледно и се обидува, изјави Амфилохије за „Дан“.
Во друга изјава за српскиот портал „ИН4С“, митрополитот Амфилохије порачува дека „нема договор околу Косово со таа група на разбојници“. Србија да не ги прифати наци-фашистичките наследство на окупаторот, наведува Амфилохије.
Тој во изјавата ги отфрли наводите на министрите во српската Влада од редовите на владејачката Српска напредна партија (СНС), дека миторполити „два пати му служел опело на Александар Вучиќ“.
- Никого не напаѓаме ниту јас, ниту црквата, туку ја изразуваме загриженоста за судбината на најважното прашање за српската држава. Никогаш на Вучиќ не сум му држел опело. Тоа го правев за тогашниот премиер Ивица Дачиќ и за српското Собрание. Но, доколку соработниците на Вучиќ тоа опело го прифаќаат, тогаш јас тука ништо неможам да сторам, порача Амфилохије.
Тој вели дека нема ништо лично против српскиот претседател, но нагласува дека „косовското прашање го смета за судбинско за српскиот народ“.
Денеска се огласи и свештенството на Црногорско-приморската епархија на СПЦ, кое во целост ги подржа ставовите на Амфилохије.
Амфилохије покрена политичка лавина од реакции во Србија со изјавата за црногорската ТВ Нова во недела дека „се плаши оти политиката на Александар Вучиќ води кон предавство на Србија и на Косово“.
Митрополитот нагласи дека „апелот за одбрана на Косово и Метохија“, чиј потписник е и самиот тој, е напишан „поради недовербата и комбинациите кои се прават“.
На изјавата на Амфилохије, покрај Селаковиќ, реагираа и вицепремиерката Зорана Михајловиќ, министерот за одбрана Александар Вулин, директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија Марко Ѓуриќ, како и дел од опозициските партии.
Вучиќ, од своја страна, изјави дека до недела кога е Стара Нова година, нема да ги коментира изјавите на Амфилохије.
Ново на Сител
-

Зеленски: Русија се повеќе ја чувствува војната на своја територија
-

Цените на нафтата растат откако Иран постави услови за повторно отворање на Ормуската Теснина
-

Младенов: Отфрлениот од Нетанјаху план за Газа е „единствениот пат по кој треба да се оди“
-

Тебас: За мене, времето на Инфантино е одамна поминато
-

Нискиот водостој се заканува да ја прекине пловидбата по Рајна и да ја подели реката на два дела
-

Американски Ф-16 пресретнаа два авиона над голф-клубот на Трамп во Њу Џерси
-

Коперник: Западна Европа забележа рекордни температури во јуни и јули
-

Под контрола пожарот кај Крива Паланка, останатите се изгаснати
