Амфетамини пронајдени во стан на 61-годишен охриѓанец

Кривична пријава заработи лице од Охрид, осомничено за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.
Полицијата по претходно обезбедена наредба извршила претрес во домот на 61-годишниот К.М. во Охрид, при што во пластичен сад биле пронајдени две најлонски паковки со прашкаста материја. Со вештачење, утврдено е дека се работи за синтетичка дрога амфетамин, класифицира во Листа II на забранети опојни дроги и психотропни супстанци. Дополнително, пронајдена е уште една паковка со мешавина од бензокаин и фенацетин кои не се класифицирани во листите на контролирани наркотични дроги и психотропни супстанци, но на илегалниот пазар се користат како додаток во некои дроги со цел зголемување на нивната маса.
Пријавениот К.М. е добро познат на полицијата против кого, за слични кривични дела досега биле поднесувани повеќе кривични пријави. Тој е на издржување затворска казна во Казнено поправната установа „Теферич“ во Струга.
Инаку, амфетаминот е психотропна супстанца која има силни и директни негативни физиолошки и психички ефекти врз човечкиот организам. Предизвикува зголемен крвен притисок, забрзан пулс, зголемена температура, забрзано дишење, кожни инфекции и сл. Постојаната употреба на амфетаминот води до оштетување на мозочните клетки, параноидна состојба, загриженост, растревоженост и психички симптоми кои можат да прераснат во неконтролирана силна агресија.
Ново на Сител
-

Нов случај на врсничко насилство, прободено 12 годишно момче
-

Пожарите изгаснати, штетите огромни
-

Расправа за ребалансот
-

Над 5.000 граѓани се пријавиле за мерката самовработување, во Прилеп досега пријавени 316
-

Трамп со пораки од Маунт Рашмор
-

Инспекцијата утврдила повисоки маржи во дел од маркетите, Мицкоски вели дека тоа нема да го толерира
-

Златни денови на Кратово
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
