Американско истражување: Вакцината „АстраЗенека“ е безбедна и високо ефикасна
– Резултатите од големото американско клиничко испитување на вакцината „АстраЗенека“ покажа дека таа е безбедна и високо ефикасна.
Во истражувањето учествувале над 32.000 испитаници, претежно од САД, но некои од нив биле и од Чиле и од Перу.
Истражувањето докажало дека „АстраЗенека“ е 79 отсто ефикасна против симптоматска инфекција со Ковид-19. Но, можеби уште поважно е дека оваа вакцина е 100 отсто ефикасна во спречување на тешките форми на болеста.
Истражувањето не открило проблеми со згрутчување на крвта. Имено, сомнежите во врска со поврзаноста меѓу вакцината „АстраЗенека“ и несаканите ефекти од формирањето на тромб беа причината употребата на вакцината привремено да се прекине во околу 20 земји, од кои повеќе од 10 беа во Европа.
Клиничките испитувања во САД покажаа дека заштитата од заразата со симптоматски Ковид-19 обезбедена со вакцината „АстраЗенека“ не паѓа кај лицата постари од 65 години.
Ново на Сител
-

Потпишан трипартитен договор за дигитална инфраструктура за примена на Законот за работно ангажирање на лица
-

Девет медицински достигнувања кои дадоа надеж во 2025 година
-

Романски државјани на возраст од 19 години украле златен накит во Скопје
-

До петок без блокади на граничниот премин Евзони
-

Париз повикува на претпазливост за новогодишната ноќ поради тероризам и банди
-

Минусни утрински температури, најстудено на Попова Шапка
-

Најмногу се јадело леб и компир, а се пиеле повеќе сокови отколку вино и кафе
-

Израел го забрани работењето на 37 меѓународни невладини организации во Газа и Западниот Брег
