-->
-->
Американските ја претставија новата маска: Ќе ги заштитува пилотите дури и од оружје за масовно уништување!
-->

“The Joint Service Aircrew – Rotary Wing (JSAM-RW) маската ќе ја смени целата низа на маски кои што досега се користеа во американската армија. Оваа маска нема да биде задолжена само за снабдување на пилотите со кислород на големи височини, туку тие кои што ќе ја носат ќе бидат заштитени и од нуклеарно, биолошко и хемиско оружје.
Ова е од голема важност за американското воено воздухопловство со оглед на тоа што воените летала се соочуваат со се поголем број на различно оружје кое што се разликува од ситуациите во минатото кога што најголем акцент се ставаше на ракетите и обичната муниција.
Денес постои голема опасност од нуклеарна контаминација во случај на напад со нуклеарно оружје. Тоа значи дека на екипажот му се потребни елементи кои што нудат заштита на подолго време, а кога е маската во прашање, потребно е да покрие што е можно поголема површина на лицето, да ги заштити очите, носот и устата, а истовремено да пружи максимална удобност и видливост.
Креаторите тврдат дека Rotary Wing маската го достигнува поставениот степен на функционалности и се очекува наскоро да ги замени постоечките маски.
Новата маска е подобра кога станува збор за видливоста, нуди подобра заштита на кожата и дишните патишта и се мести пет пати полесно, додека пак резервоарот со кислород трае шест пати повеќе од актуелниот модел.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ѓорѓиевски од „Ѓорче Петров“ најави капитални инфраструктурни проекти за подобрување на сообраќајот и квалитетот на живот
-
Бројот на жртви од уривањето на училиштето во Индонезија се зголеми на 36
-
Кампања на МОН „Магијата е во знаењето“: Да го вратиме сјајот и достоинството на професијата наставник
-
Коњановски: Коалицијата „Твоја Македонија“ ќе има мнозинство во Советот на Општина Битола
-
Путин: Испораката на американските ракети „Томахавк“ на Киев ќе ги уништи позитивните трендови меѓу Русија и САД
-
Две малолетни деца убиени и уште две тешко ранети во Тексас, се истражува семејна врска во трагедијата
-
Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето
-
Сиљановска-Давкова учествува на Состанокот на лидерите на земјите учеснички од Процесот „Брдо-Бриони“