Американските граѓани имаат право да покажуваат среден прст на полиција

Апелациски суд на САД утврди дека граѓаните имаат право да покажат среден прст на полиција како израз на нивното право на слобода на говорот, јави радиото „Ен-Пи-Ар“.
Во текот на судењето, Дебра Круиз-Гуљас опишала како во 2017 година била запрена од полицаецот Метју Минард поради пречекорување на брзината. Тој сепак и дошол во пресрет давајќи и казна за помало нарушување – запирање на транспортно средство.
Откако Круиз-Гуљас заминала таа направила гест насочен кон полицаецот покажувајќи го средниот палец. Поради тоа тој ја застанал уште еднаш и ја казнил за пречекорување на брзината. Круиз-Гуљас одлучила да оди на Суд бранејќи се дека нејзиниот гест е заштитен со Првиот амандман од Уставот на САД. Судот ја прифатил нејзината жалба.
Во решението на судијата Џефри Сатон се вели дека „кој било свесен полициски службеник треба да знае дека граѓанин кој покажува среден прст е заштитен со Првиот амандман“. Се додава дека жената не нарушила закони и тоа не оправдува да биде повторно запрена, а со реакцијата „таа го искористила своето право на слобода на говор“.
Својата постапка Минард ја споредил со отказ на обвинитителот да се договори со обвинетиот поради тоа што тој покажува навредливо однесување. Судот ги отфрлил неговите наводи.
Ново на Сител
-

Кратењето на буџетот за ретки болести шок за пациентите
-

Нов кум и здравичар за Бадник
-

Објавен тендерот за градење на Регионален центар за управување со отпад во Свети Николе, планирани се вкупно пет
-

Преглед на вестите од светот
-

СДСМ: Доаѓаат мигранти
-

Се зајакнува соработката меѓу САД и Македонија
-

Бојкот во Управата за матични книги
-

Реевалуација за повредените во „Пулс“
