Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис в понеделник во Скопје
Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис в понеделник пристигнува во официјална посета на Македонија, потврди попладнево македонската Влада.
Делегацијата на САД предводена од Матис ќе биде свечено пречекана на Меѓународниот аеродром „Скопје“ и на платото пред Владата на Република Македонија.
Матис ќе има средба со премиерот Зоран Заев, со министерката за одбрана Радмила Шекеринска, а потоа е предвидено заедничка изјава за медиумите.
И самиот Матис претходно оваа недела најави дека ќе ја посети Македонија за да изрази јасна поддршка за претстојниот референдум за прашањето за името, но и загриженост поради можното мешање на Москва во процесот.
- Ќе одам да ги посетам нашите македонски пријатели и јасно ќе ставам до знаење дека САД го поддржуваат македонскиот народ, рече Матис во изјава за новинарите во Пентагон.
Матис истакна дека е загрижен дека Русија би можела да се обиде да се вмеша во референдумскиот процес во Македонија.
- Ако имате гласање, Москва ќе се меша. Јас сум загрижен за тоа. Такво мешање Русија практикуваше од Естонија до САД, од Украина и сега до Македонија, секогаш се прилагодува на конкретната ситуација, рече тој.
Прв пат во изминатите 14 години американски секретар за одбрана е во посета на Македонија.
- В понеделник во посета ни доаѓа првиот човек на Пентагон, првиот човек на најмоќната армија во светот Џејмс Матис, што се случува првпат во последните 14 години. Заборавивме како изгледа посета на министер или секретар за одбрана на САД, иако оваа држава е наш стратешки политички и воен партнер. Тоа покажува колку е голем интересот за нас и поддршката за она што ние го сработивме во последната година, изјави завчера министерката Шекеринска.
Ново на Сител
-
Десет лица загинаа во шумски пожар во западна Турција
-
Авион со околу 50 патници исчезна над Русија
-
Човековидниот робот „Аи-Да“ наслика портрет на кралот Чарлс
-
Трамп вели дека е можно олеснување на царините ако ЕУ го отвори пазарот за американските фирми
-
Тајланд и Камбоџа започнаа вооружен судир на спорната граница
-
Кривична за три лица вработени во општина Крива Паланка за злоупотреба на службена положба
-
Рашфорд во Барселона
-
Македонија „под вршник“, да се почитуваат препораките за заштита од високи температури