Американскиот Конгрес судски повикува уште шест соработници на Трамп
– Комитетот на Долниот дом на американскиот Конгрес, кој ги истражува немирите во Капитол на 6 јануари, издаде судски покани за уште шест соработници на поранешниот претседател Доналд Трамп, кои беа тесно вклучени во неговите напори да го поништи изборниот пораз во 2020 година.
Томпсон рече судски се повикани менаџерот на кампањата на Трамп Бил Степиен, високиот советник во кампањата Џејсон Милер, националната извршна помошничка во кампањата Ангела МекКалум, адвокатот кој го советувал поранешниот претседател Џон Истман, поранешниот советник за национална безбедност на Трамп, Мајкл Флин, кој разговарал со Трамп пред бунтот, и Бернард Керик, за кој комитетот вели дека платил за хотелски соби кои служеле како командни центри во пресрет на 6 јануари.
– Во деновите пред нападите на 6 јануари, најблиските сојузници и советници на поранешниот претседател почнаа кампања на дезинформации за изборите и планираа начини да се запре броењето на гласовите во изборниот колегиум. Истражниот комитет мора да го утврди секој детал од нивните напори за поништување на изборите, вклучително и со кого разговарале во Белата куќа и Конгресот, каква врска имале со собирите што прераснале во немири и кој платил за тоа, рече Томпсон.
Судските покани доаѓаат откако комисијата веќе побара документи и сведоштва од неколку други советници на Трамп, од кои некои соработувале, а некои одбиле.
Претставничкиот дом минатиот месец изгласа дека Стив Банон, долгогодишен политички соработник и советник на поранешниот претседател Доналд Трамп, е виновен за непочитување на Конгресот, откако одбил да одговори на судскиот повик.
Ново на Сител
-
МОН ќе ги покрива трошоците за учество на средношколци на меѓународни научни олимпијади
-
Хаварија во Пинтија, од резервоар на приватен објект се излеале хемикалии
-
Арбен Таравари си поднесе оставка од министерската функција
-
Притвор за дилер од Битола, продавал марихуана на деца
-
Лавров: Ситуацијата околу преговорите во Истанбул е интригантна, ќе има тешки разговори
-
Дизелот поскапува, цената на бензините останува иста
-
Полицаец фатил 15-годишник како вози па бил нападнат од него и неговиот татко
-
Малолетник силувал 14-годишник во Карпош