Американски Воен конвој ќе помине три дена во Чешка
Војници од американски конвој, кој од 27 до 30 мај ќе учествуваат на воената вежба Сејбер Страјк во балтичките земји (Естонија, Летонија и Литванија) следната недела во Чешка ќе поминат три ноќи, јави дописникот на МИА од Прага.
- Со оваа вежба, НАТО реагира на случувањата во сферата на безбедноста во светот и ја презентира единственоста и подготвеноста на земјите- членки кон колективната одбрана, информираше министерот за одбрана Мартин Стропницки.
Тој додаде дека исто така поради истата цел, американските војници ќе одржат и заедничка воена вежба со чешките колеги и ќе преспијат во чешкиот главен град и во местата Вишков и во Праславице.
Во конвојот ќе учествуваат 500 војници и 225 парчиња на воена техника.
Минатата година низ Чешка поминаа два слични воени конвои, кои предизвикаа внимание како кај приврзаниците така и кај противниците.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Борче Треновски, професор
-
Сведочење на Палевски
-
Венко Крстевски ќе раководи со Кочани до локалните избори
-
Осомничениот Дритон Куќи се врати во Македонија, истрагата за пожарот во Кочани продолжува
-
Левица поднесе интерпелација за Тошковски
-
57 пациенти од трагедијата во Кочани остануваат на болничко лекување двајца се уште се во критична состојба
-
Утре одлука на Таравари: Останува во Вреди или сам ќе трча на локалните избори
-
Муцунски од Луксембург: Крајно време е Македонија да ги започне преговорите со ЕУ