Американски учител силувал ученички и го снимал чинот
Мајкл Р. Вучиќ, американски учител со хрватско потекло, е осуден на 50 години затвор поради сексуална злоупотреба на две свои ученички, кои ги снимал во текот на криминалниот чин. Казната му е изречена во четвртокот во преполната судница во Лејк Каунти. Иако на првото сослушување на судијата Даниел Шејнс му рекол дека не е виновен, тврдејќи дека ученичките се согласиле на сé, соочувајќи се со документацијата со експлицитна содржина, признанијата на своите колеги и потресните сведочења на жртвите, Вучиќ се покајал.
Се надева на Божја прошка
„Сите кои ме познаваат знаат дека не можам намерно да повредам друго човечко битие. Се каам за своите постапки, и засекогаш ќе ми биде жал за тие девојки и нивните семејства. Се надевам дека Бог ќе ми прости, но и сите оние кои ги погоди овој случај“, рекол низ солзи Вучиќ.
За сепак да ја ублажи признаената вина, рекол дека девојките биле согласни да имаат секс со него.
Слушајќи ги неговите зборови, судијата Даниел Шејнс остро реагирал: „Рековте дека тоа бил секс со согласност. Законот има смешни називи за ваков вид на злостор, но за тоа што го сторивте вие има совршено добар збор на англиски јазик – силување! И кај тие злостори нема согласност. Вашата казна од 50 години не е мала. И го заслуживте секој ден кој ќе го поминете во затвор“.
„Ти не си човек“
Целата постапка ја следеле и двете жртви на Вучиќ, а нивните сведочења за уништената младост ги потресле сите.
„Ова сосема ме уништи. Ме оштети и ментално и емоционално. Дојдов до работ. Завршив во болница откако пробав да се отрујам со таблети“, се присетила на болните моменти една од жртвите на Вучиќ.
Другата жртва пак собрала храброст и директно му се обратила на поранешниот наставник: „Ти воопшто не си човек. Немаш човечност. Ме остави да живеам во неподнослива тага“.
За обвинителот Фред Деј, злосторите се застрашувачки пред сé затоа што „Вучиќ го негувал односот со ученичките и градел доверба, која на крај ја искористил како сексуално оружје“.
Вучиќ после истрагата побегнал во Херцеговина, каде беше уапсен во септември минатата година. Додека во сараевскиот екстрадициски затвор чекаше да биде вратен во САД, побара политички азил, но беше одбиен. Знаејќи дека пак би можел да побегне, американскиот суд му одреди кауција од 10 милиони долари, но остана во притвор.
Ќеса со снимки
„Ја гледаш ли оваа пластична ќеса? Во неа има дваесетина CD-a кои ги снимав со нашите ученички. Претежно имавме сексуални односи во училиштето, но има и домашни снимки. Ако те интересира, погледни. За тоа ти пишував пред година дена, велејќи ти дека една своја тајна ја чувам под креветот во спалната соба. Но, ако започнат да ме прогонуваат или ако ме убијат, уништи го сето тоа“, му напишал Вучиќ на свој колега, кој после бегството на Вучиќ во Европа ќесата ја предал на инспекторите. Материјалот ја одвел полицијата и до друга жртва, која го опишала Вучиќ како „татковска фигура“ и не покренала тужба.
Ново на Сител
-
Цела ноќ битка со стихиите кај Јажинце, денеска критично и кај Јасен
-
Славески: Без јасна поделба на универзитетите секое следно рангирање ќе носи фрустрации, не решенија
-
Кога студентите ќе ги добијат ваучерите од 250 евра за електронски уреди?
-
Проблемот со струшката депонија пред судот во Стразбур
-
Преглед на вестите од светот
-
Собранието расправа за измените во Изборниот законик за учество на независните на изборите
-
Голема историска средба Трамп-Путин на Алјаска, Зеленски очекува покана за следната средба
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД