Американски суд одобри истрага за запленетите документи на Трамп
Американскиот апелациски суд во Атланта го поништи судското назначување на независен арбитер за проверка на документите кои ФБИ ги заплени од домот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во Флорида и дозволи сите записи да се користат во кривичната истрага против него.
Совет од тројца судии, кој пресуди во корист на Министерството за правда, исто така ја поништи претходната судска одлука да им се забрани на истражителите пристап до повеќето од запленетите документи.
За време на претресот, агентите на ФБИ заплениле околу 11.000 документи, меѓу кои и околу 100 означени како „доверливи“.
Портпаролот на Трамп одлуката на судот ја нарече „процедурална“.
Поранешниот американски претседател се соочува со федерална кривична истрага поради наводното задржување на чувствителни владини документи откако ја напушти функцијата во јануари 2021 година, кои ги чувал во неговата резиденција на Флорида.
Тој може да биде обвинет и според Законот за шпионажа од 1917 година, според кој објавувањето информации штетни за националната безбедност е кривично дело.
Ново на Сител
-
Предизборен карван на ВМРО-ДПМНЕ во Новаци, Могила и Битола
-
Предизборен карван на СДСМ во Дебарца, Вевчани, Струга и Охрид
-
Тема на денот со Горан Герасимовски, кандидат на СДСМ за градоначалник на Општина Центар
-
Преглед на вестите од светот
-
Одобрено обвинението за пожарот во Пулс
-
Сопствениците на диви депонии во Вардариште седнаа на обвинителна клупа
-
Ветувања од власта: Поширок булевар во Чаир, чист Центар, стипендии за повредените во Кочани
-
Шукова ќе го воведе БРТ системот за поефикасен градски јавен превоз