Американски суд одобри истрага за запленетите документи на Трамп
Американскиот апелациски суд во Атланта го поништи судското назначување на независен арбитер за проверка на документите кои ФБИ ги заплени од домот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во Флорида и дозволи сите записи да се користат во кривичната истрага против него.
Совет од тројца судии, кој пресуди во корист на Министерството за правда, исто така ја поништи претходната судска одлука да им се забрани на истражителите пристап до повеќето од запленетите документи.
За време на претресот, агентите на ФБИ заплениле околу 11.000 документи, меѓу кои и околу 100 означени како „доверливи“.
Портпаролот на Трамп одлуката на судот ја нарече „процедурална“.
Поранешниот американски претседател се соочува со федерална кривична истрага поради наводното задржување на чувствителни владини документи откако ја напушти функцијата во јануари 2021 година, кои ги чувал во неговата резиденција на Флорида.
Тој може да биде обвинет и според Законот за шпионажа од 1917 година, според кој објавувањето информации штетни за националната безбедност е кривично дело.
Ново на Сител
-
Приведен крадец од Тетово
-
Пронајдени оружје и муниција при претрес во Кичево
-
Мицкоски: До крајот на мандатот сите јавни услуги ќе бидат достапни онлајн
-
Германија бара поддршка од ЕУ за „центри за враќање“ на одбиените баратели на азил
-
Форбс: Илон Маск стана првиот човек со богатство од 500 милијарди долари
-
Четириесет проценти од младите до 18 години пушат - бројките се алармантни
-
СПМ: Лидерите на СДС и ДУИ нудат безобѕирна реторика
-
Андоновски: Работиме на воведување слободен роаминг за земјите од Западен Балкан со ЕУ