Американски стафорд уби жена во Задар, приведен припадник на хрватските вооружени сили

Сопственикот на стафордот кој уби 82-годишна жена во Задар бил припадник на хрватските вооружени сили, па изрази на жалење упатиле Министерството за одбрана и вицепремиерот и министер Иван Анушиќ.
– Припадниците на полкот на Воената полиција во соработка со полицијата приведоа припадник на армијата кого Управата на полицијата во Задар го товари за тешко кривично дело против општата безбедност – соопшти Министерството за одбрана.
Оттаму додаваат дека е приведен во службените простории на задарската полиција. Тие се товарат за кривично дело сторено надвор од службена должност.
– Воената полиција и понатаму ќе ги презема сите дејствија за утврдување на дисциплинска одговорност на тој припадник на вооружените сили – информираат од Министерството за одбрана.
Како што претходно беше соопштено, во полициската управа Задар, вчера во раните утрински часови е пронајдена мртва 82-годишна жена со повреди кои укажуваат на насилна смрт.
Во станот било пронајдено и американско куче од Стафордшир, сопственост на член на семејството. Во станот е извршен увид, а кучето е преземено од надлежната ветеринарна служба.
Обдукцијата на жртвата утврдила дека таа починала како последица на каснување од куче, јавија хрватските медиуми.
Ново на Сител
-

Побаран притвор за Стефан Богоев за поткуп од 1800 евра
-

Македонија меѓу петте најбрзорастечки економии во Европа
-

Тема на денот со министерката за финансии Кочоска
-

Мицкоски: Ќе победиме со разум, Филипче: Рефрендум за уставни измени
-

Побаран притвор за Стефан Богоев за поткуп од 1800 евра
-

Савески: Предметот „Мазут“ е во фаза на одлучување
-

Обвинителството со докази за инспекциски надзори, според одбраната тие се нерелевантни за пожарот
-

Не работеле во Институтот за јавно здравје ама си точеле бензин со картичка од ИЈЗ
