Американски сенатори бараат Амазон да ги повлече од продажба опасните производи
Тројца американски демократски сенатори побараа повлекување на сите опасни производи од продажната платформа на Амазон, откако Си Ен Ен ги објави резултатите од истрагата, која покажа дека десетици електронски производи на Амазон остануваат во продажба, и покрај поплаките на клиентите дека се стопиле, експлодирале или запалиле.
Во писмо до сопственикот на Амазон, Џеф Безос, сенаторите Ричард Блументал од Конектикат, Роберт Мендез од Њу Џерси и Ед Марки од Масачусетс напишаа дека извештајот на Си Ен Ен покажува дека продавачот ги игнорира сериозните грижи на клиентите за одредени електронски уреди.
„Амазон мора веднаш да ја прекине продажбата на опасни и неисправни основни производи на Амазон, да ги повлече и веднаш да ги информира клиентите за потенцијалните ризици“, напишаа демократските сенатори во писмото.
Амазон не одговори директно на загриженоста на сенаторите, но од оваа компанија рекоа дека „безбедноста е на прво место“ и дека нивните производи ги исполнуваат сите безбедносни стандарди, јави Си Ен Ен.
Ново на Сител
-

Песков: Москва и понатаму очекува разговори со Зеленски
-

Пентагон потпиша седумгодишни договори со производители на оружје
-

ПМФЛ: По бод за Тиквеш и Вардар
-

Руското разузнавање ја обвини ЕУ дека се подготвува за мешање во септемвриските избори во Русија
-

До 18:30 регистрирани 17 пожари на отворен простор, седум активни и три под контрола
-

Меси стави крај на репрезентативната кариера
-

Трамп: Иран е пропадната држава која си ги убива своите граѓани
-

Од утре почнува да сообраќа „Градскиот воз“ на релацијата Зелениково-Скопје
