Американски и украински претставници разговараат за мировниот план за завршување на војната во Украина

Разговорите меѓу украинската и американската делегација за мировниот план за завршување на војната во Украина почнаа денеска во САД.
Ова го соопшти секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Рустем Умеров, цитиран од украинската новинска агенција Укринформ.
„Во САД веќе започна средбата меѓу делегациите на Украина и САД за чекорите кон постигнување праведен мир“, рече Умеров.
Тој додаде дека останува во постојан контакт со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Имаме јасни упатства и приоритети – заштита на интересите на Украина, содржаен дијалог, напредок кон тоа што беше постигнато во Женева“, рече Умеров.
На 23 ноември, претставници од Украина, САД и Европа се состанаа во Женева за да разговараат за мировниот план предложен од Вашингтон за завршување на војната во Украина. По преговорите, страните потврдија дека секој иден договор треба целосно да го почитува суверенитетот на Украина и да гарантира траен и праведен мир, забележа Укринформ.
МИА
Ново на Сител
-

Со воведни зборови на одбраната продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани
-

Муцунски на 32-от Министерски состанок на ОБСЕ 2025
-

Денеска е Воведение на Пресвета Богородица
-

Рубио и Лавров нема да учествуваат на годишниот состанок на ОБСЕ
-

За денеска закажани дополнителни разговори меѓу Украина и САД
-

Генералното собрание на ОН усвои резолуција за враќање на киднапираните украински деца, 11 земји гласаа против
-

Облачно со локален дожд
-

Бран протести низ Бугарија: Како одговор на граѓанскиот гнев предлог-буџетот е повлечен, но притисокот за предвремени избори продолжува
