Американски и грчки воени авиони утре со прелет над Скопје ќе го поздрават членството на Македонија во НАТО
Американски воени авиони утре со прелет над Скопје ќе го поздрават членството на Република Северна Македонија во НАТО, информираат од Министерството за одбрана. Прелетот ќе се реализира околу 11:20 часот.
Два авиона на американското воено воздухопловство придружувани од два воени авиона на Република Грција, ќе извршат прелет над територијата на Република Северна Македонија. Прелетувањето ќе биде во чест на нашето членство во НАТО. Авионите ќе летаат долж реката Вардар, а ќе дојдат од правец на скопскиот аеродром, велат од МО.
-Нашите американски сојузници испраќаат силна порака дека нашите две земји одржуваат одлична соработка и дека по континуираната поддршка што ни ја даваа на патот кон НАТО, и по влезот во Алијансата остануваат и понатаму наш силен сојузник и стратешки партнер, потенцира министерката за одбрана Радмила Шекеринска.
Американските авиони ќе полетаат денеска од сојузната држава Јужна Дакота и ќе имаат 30 часовен непрекинат лет со полнење гориво во воздух. Доколку временските услови го озвозможат тоа, заинтересираните граѓани ќе можат да го набљудуваат прелетот на американските авиони и авионите придружници од грчката воена авијација над Скопје. Авионите над нашата земја ќе летаат на височина од 1.500 метри и нивниот прелет ќе биде проследен со силен звук. Демонстрацијата на овој прелет ќе биде уште една потврда за срдечниот прием на Северна Македонија во НАТО и сигнал за продолжување на соработката.
Членството на Република Северна Македонија во НАТО започна со широка поддршка од страна на сојузничките земји, која се покажа и при здравствената криза од коронавирусот со бројни донации во медицинска и заштитна опрема од страна на сојузниците. Како нова членка на НАТО, Република Северна Македонија е опфатена и со програмата за воздушно патролирање која е ексклузивна само за членките на Алијансата и чија цел е заштита на небото на државите од НАТО.
Ново на Сител
-

Костадиновски: Лојалноста кон Уставот е должност на секој граѓанин
-

Грција одбележува 52 години од студентскиот бунт против воената хунта - Атина под силни безбедносни мерки
-

Скандал со „златниот тоалет“: Зеленски се соочува со најдлабоката криза досега, додека соработници се обвинети за шема од 100 милиони долари во време на војна
-

Едно лице следено, нападнато и ограбено спроти трговски центар во Скопје
-

МОМ алармира: Војната во Украина предизвика станбена криза без преседан
-

Во Скопје од денеска стапува во сила забраната за фрлање смет од 22:00 до 06:00 часот
-

Продолжува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2026 година
-

Премиерот Мицкоски со градоначалникот Ѓорѓиевски во вечерна обиколка на Скопје
