Американската забрана за летови од Европа ќе погоди два милиона патници
Прекинот на сите патувања за 30 денови меѓу САД и Европа во рамки на американски мерки за спречување на ширење на коронавирусот ќе влијае на 7.300 летови и повеќе од два милиони патници, според податоците на туристичката агенција „Сириум“.
Сепак, забраната нема да влијае на земјите што не се во Шенген, како Велика Британија, Ирска, Романија, Хрватска, Украина и неколку други европски земји.
Американски власти велат дека најголемата закана од заразата со вирусот доаѓа од Европа. Забраната, барем засега, не важи за американските граѓани кои се враќаат од странство.
Американски здравствени претставници велат дека изворот на 70 проценти од заразените во САД е од Европа.
Експертите велат дека падот на побарувачката за воздушен сообраќај во САД е најголем по нападите на 11 септември 2001 година врз Њујорк и Пентагон.
Други авиокомпании како „Делта“, „Јунајтед ерлајнс“ и странските авиокомпании како „Луфтханза“ исто така ќе ги суспендираат или намалат летовите.
Американските авиокомпании сега се финансиски посилни отколку по терористичкиот напад во 2011 година и досега нема потреба од интервенција на владата, сепак, сето тоа зависи од времетраењето на заразата и должината на суспензијата.
Ново на Сител
-
Управен суд ја запре постапката за жалбата на коалицијата Вреди
-
Тема на денот со Јанаки Митровски, адвокат
-
Се крои владината коалиција со Вреди - ВМРО-ДПМНЕ веќе сама обезбеди 61 пратеник
-
Мицкоски во јавните настапи ќе користи „Македонија“ и „македонски“
-
Управен суд ја запре постапката за жалбата на коалицијата Вреди
-
Поради недоаѓање на сведоците одложено рочиштето за Пендиков
-
Корупцијата и неефикасната администрација - најголем проблем за германските инвеститори
-
Палчо ја помина првата вечер во притвор во „Шутка'', од неговата партија бараат биохемиска анализа на оброците