Американската администрација обвинета за криење штрајк со глад во затвор за мигранти
Група за права на мигрантите ја обвини администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за криење штрајк со глад во новоотворениот центар за притвор на имигранти во Флорида Еверглејдс.
Притворениците во објектот „Алигатор Алкатраз“, одбиваат храна речиси две недели, според Коалицијата за имигранти од Флорида (ФЛИК).
-Не мора да претпоставуваме дека тоа се случува затоа што гледаме амбулантни возила, затоа што членовите на семејствата ни кажуваат, самите притвореници се појавиле во разни публикации, изјави претставникот на ФЛИК, Томас Кенеди, за ДПА.
Министерството за внатрешна безбедност на САД (ДХС) вчера ги отфрли извештаите како „лажни вести“ во објава на X, пишувајќи: „НЕМА штрајк со глад“. Телевизиската куќа Си-Ен-Ен, исто така, ја цитираше агенцијата дека притворениците добиваат три оброци дневно, како и пристап до вода и други пијалоци.
Сепак, Кенеди рече дека неколку притвореници биле хоспитализирани и го нарече негирањето на владата „чудна и лесно побивачка лага“.
„ДХС вели дека нема штрајк со глад, кога самите притвореници велат дека штрајкуваат со глад“, додаде тој.
Минтата недела, Кенеди објави видеа на кои се гледаат амбулантни возила како го напуштаат објектот и рече дека околу десетина мажи биле вклучени во протестот.
Најмалку еден кубански мигрант и неговата сопруга изјавија за Ен-Би-Си Њуз и шпанскиот весник Ел Паис дека тој одбива храна во знак на протест и дека е однесен во болница.
Си-Ен-Ен претходно известуваше за лошите услови на местото, повикувајќи се на роднини и демократски политичари. Тие опишаа екстремна топлина, расипани тоалети и недостаток на чиста вода, храна или правен советник, обвинувања што американската администрација ги отфрла.
Трамп го отвори објектот кон крајот на јуни. Центарот е дизајниран да смести илјадници мигранти кои чекаат депортација како дел од стратегијата за масовна депортација на Трамп.
МИА
Ново на Сител
-
Мицкоски: Мора да има одговорност за прислушувањето
-
Филипче: Најлошо ќе биде да не правиме ништо
-
Јаневска: Студентите имаат партнер во МОН
-
Под ингеренции на МОН, од годинава 8 регионални центри за стручно образование и обука
-
Бројот на првачиња во Струмица намален за 10%
-
Митевски: Работиме на решение за Вардариште
-
Шукова: Вардариште ќе остане депонија
-
Охрид треба да привлекува туристи со своето природно и културно наследство, а не со езерски туризам