Американка матурираше на 97 години

Американката Маргарет Том Бекема од Мичиген конечно доби диплома за завршено средно образование.
Тука не би било ништо чудно, доколку не се земе пред вид фактот дека Маргарет има 97 години.
Таа била принудена да го напушти средното училиште во 1932 година, откако нејзината мајка се разболела од рак, па морала да се грижи за помалите браќа и сестри.
Осум децении подоцна Маргарет конечно го доби за неа скапоцениот документ - управата на Католичкото средно училиште одлучи на оваа добра бабичка да и додели почесна диплома.
- Ви благодарам од се срце, не можете ни да замислите колку ми беше тешко, го сакав училиштето и имав многу пријатели, со солзи во очите говореше Маргарет при врачувањето на дипломата.
- Таа има направено многу жртви во нејзиниот живот. Тоа е така охрабрувачки и инспиративно за нашата заедница, бидејќи нејзините избори ги претставуваат сите оние вредности кои пробуваме да им ги пренесеме на учениците, изјави директорот на училиштето.
Ново на Сител
-

35 години независна Македонија, пораки за обединување и нова визија
-

Дејвид Гета во Скопје
-

Тема на денот со Туше Гошев, пратеник во првиот состав
-

Македонскиот идентитет се негува, јазикот и културата се нашиот корен
-

35 години независност
-

Скопје се подготвува за Дејвид Гета
-

1991-2026 - години на надеж, очекувања, разочарувања
-

35 години политички кризи и пресврти
