Американец излезе од затвор по 39 години за убиство за кое тврди дека не го извршил
Маж од Јужна Каролина, кој лежел 39 години во затвор поради убиство, за кое одрекува дека го извршил, денеска е пуштен на слобода откако беше помилуван.
„Хералд оф Рок Хилс“ пишува дека 61-годишниот Џејмс Роберт МекКлуркин е ослободен со кауција.
Полицијата и обвинителството на Јужна Каролина, сега наведуваат дека тој не го убил 71-годишниот Клод Килиан во август 1973 година.
МекКлуркин и Реј Чарлз Деграфенријд биле осуден за убиство на Килиан во 1977 година врз основа на сведочењето на друг обвинет.
Минатиот месец локалниот шериф изјавил пред комисијата за помилување на Јужна Каролина, дека МекКлуркин е невин.
На 11 октомви била донесена одлуката, кој се исполни денеска, мажот да биде пуштен на слобода со кауција.
Тој се уште не е официјално прогласен за невин од страна на судот.
Деграфенријд е на психијастрискиот оддел во затворот,
МекКларкин изјави дека и тој треба да биде ослободен.
Ново на Сител
-
Усвоени измени на Законот за царинска тарифа, се намалуваат царинските стапки на 67 стоки и се либерализира трговијата со САД
-
Биди кокиче на новиот живот | Дора Попова | Sitel Podcast 099
-
70-ти роденден на Кисела Вода и Културно лето: “Се на свое место”
-
Две девојки повредени при сообраќајна незгода
-
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
-
Жеден еж спасен по пожар во Грција
-
Усвоена информација за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението 2025-2030
-
Мицкоски: Првата препрека ја поминавме, извештајот се очекува на пленарна седница да биде ставен меѓу 7 и 11 јули