Американец добил срце од генетски модифицирана свиња
На Американец во терминална фаза на срцева болест, му било вградено генетски модифицирано свинско срце. Ова е прва операција од ваков вид и три дена по операцијата пациентот закрепнува добро, објавија неговите лекари.
Операцијата, изведена од тим од Медицинскиот универзитет на Мериленд (САД), имаше за цел да ja покаже изводливоста на трансплантација на свинско срце во човечко тело, овозможена со новите „преуредувања“ на гените. Ако ова вградување се покаже успешно, научниците се надеваат дека органите од свиња успешно ќе го надополнат недостатокот на човечки донори.
– Ова е револуционерна операција која нѐ донесе чекор поблиску до решавање на проблемот околу недостигот на човечки органи. Едноставно нема доволно човечки срца за дарување, за да се пополни долгата листа на можни пациенти на кои тоа им е потребно, рече д-р Бартли Грифит.
Тој ја изврши операцијата на вградувањето на срцето од свиња на човек. – Засега сме претпазливи, но оптимисти дека оваа прва ваква операција во светот ќе обезбеди важна нова опција за пациентите во иднина!, додаде д-р Грифит.
За 57-годишниот Дејвид Бенет од Мериленд оваа трансплантација била неговата последна можност за спас.
И други свински органи се тестираат за трансплантација на луѓе, како што се бубрег, црн дроб и бели дробови. Претходните обиди за трансплантација од свињи на луѓе беа неуспешни поради генетски разлики што предизвикаа отфрлање на органите или поради вируси кои претставуваа опасност од инфекција. Научниците го решија овој проблем со отстранување на можно штетните гени.
Околу 110.000 Американци во мигов чекаат за вградување органи, а повеќе од 6.000 пациенти годишно во САД умираат без да го добијат потребниот орган, покажуваат податоците на интернет-страницата „Органдонор“.
Ново на Сител
-
Во Пониква заврши првата фаза од рехабилитацијата на повредените во дискотеката Пулс
-
Сончево и многу топло со мала до умерена облачност
-
МВР: Лишени од слобода шест возачи за возење под дејство на алкохол
-
Руската ПВО соборила 120 украински дронови
-
За осум часа 155 сообраќајни прекршоци во Скопје, 51 санкција за возачи на мотоцикл
-
Најниско задоволство од цените во мобилната телефонија, една третина не ги читаат договорите
-
Далај Лама го прославува 90. роденден
-
Зголемена фреквенција на возила, на ГП „Табановце“ за влез во државата се чека околу половина час