Loading Video...
Кошарка
3. September 2019 - 17:04

Американците се спасија од пораз, ја совладаа Турција по продолжение

На СП во кошарка што се одржува во Кина комплетирано е второто коло. 
 
Американците кои се бранители на шампионскиот трофеј, се спасија од пораз во дуелот против Турција. Откако во регуларниот дел резултатот беше израмнет 81-81, Турците во продолжението промашија четири слободни фрлања за победа. Американците знаеја да го казнија тоа и со конечни 92-91 стигнаа до втората победа го обезбедија својот пласман во втората фаза на шампионатот. Кој ќе им се приклучи од групата Е, ќе се знае задутре по мечот меѓу Турција и Чешка селекции кои имаат по една победа
 
Во групата Ф едно е сигурно дека Црногорците со денешниот пораз од Нов Зеланд 83-93 немаат шанси за прогрес понатаму бидејќи за нив ова беше втор загубен меч. Затоа Бразил кој славеше над Грција со 79-78 го осигура првото место, а за второто во директен дуел ќе се борат Нов Зеланд и Грција.
 
Од групата Г, до втората победа и пласман во следната рунда стигнаа, Франција која го декласира Јордан со 103-64, како и Доминиканската Република која минимално со 70-68 ја победи Германија. 
 
И во последната Х група, Австралија која го победи Сенегал со 81-68 и Литванија која беше подобра од Канада со 92-68 се пласираа во втората фаза, а нивниот меѓусебен дуел само ќе решава која селекција ќе биде прва во групата и колку бодови ќе пренесе понатаму. 

РЕЗУЛТАТИ - 2.коло
Е група:
 Чешка - Јапонија 89- 76 и САД -  Турција 92-91 (по продолжение 81-81

Ф група: Нов Зеланд - Црна Гора 93 – 83  и Бразил -  Грција 79 – 78 

Г група: Доминиканска Република – Германија 70 – 68 и Јордан -  Франција 14:30 часот

Х група: Австралија -  Сенегал 81 – 68 и Литванија -  Канада 92 – 68 

Утре на програмата се средбите од последното коло во првите четири групи од сегментот А – Д, во кои остануваат уште две слободни места за прогрес понатаму. 
 
Пласман во втората фаза досега обезбедија: (А група) Полска, (Б група) Аргентина и Русија, (Ц група) Шпанија, (Д група) Србија и Италија