-->
-->
Американците без Кари ќе го бранат олимпиското злато во Рио
-->
Бранителот на олимпиското злато од Лондон, кошаркарската селекција на САД на претстојните ОИ во Рио де Жанеиро летово ќе игра без својата „прва ѕвезда“ во моментов Стеф Кари.
Двократниот МВП (најкорисен играч) во НБА лигата и предводник на шампионот Голден Стејт, Стеф Кари, најави дека нема да биде дел од репрезентацијата на САД која ќе настапи на Олимписките игри.
- По многу размислување и неколку дискусии со семејството и мојот клуб, решив да се повлечам од репрезентацијата пред ОИ во Бразил. Моите искуства во репрезентацијата на САД се сјајни. Многу научив и уживав и поради тоа оваа одлука е тешко донесена. Неколку фактори влијаеја на донесувањето на оваа одлука, тука се вклучени и повредата на зглобот и коленото и верувам дека ова е најдобро за мојата кариера, стои во соопштението на Кари.
Кошаркарот со својот клуб Голден Стејт атакува на вториот во низа шампионски прстен во НБА лигата. Со репрезентацијата на САД освои два златни медали на Светските првенства во 2010 и 2014 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра