Амбасада на САД во Скопје: Издавањето на визи ќе продолжи
Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје на својот Твитер профил соопшти дека нејзиниот сервис за пасоши и визи ќе продолжи да работи и покрај затворањето на американската влада.
„Закажаните сервиси за пасоши и визи и сервисите за итни случаи за граѓаните на САД ќе продолжат во амбасадата за време на затворањето на владата на САД. Нема да го обновуваме овој профил редовно, освен во итни случаи“, објави Амбасадата на Твитер.
Американската влада престана да работи откако остана без финансирање поради неможноста на републиканците и демократите да го договорат новиот привремен буџет.
Претходно ваква делумна парализа на федералната Влада имаше во октомври 2013 година и траеше 16 дена.
Сегашната криза ќе трае додека конгресмените не постигнат согласност за законот за буџетските расходи.
Ново на Сител
-
Студентите бараат зголемување на износот за субвенциониран оброк
-
Екс директорот на АНБ негира незаконско следење на комуникации, Мицкоски вели - сите ќе одговараат
-
Се води истрага кој го подметнал пожарот на Вардариште, надлежните си ја префрлаат одговорноста
-
Почна селекцијата за судија во Стразбур
-
Две години затвор за Љамалари за нападот врз градоначалничката Арсовска
-
На Татјана Димитровска ќе ѝ се суди во одделна постапка од „Адитив“
-
69 независни кандидати за градоначалници – 6 во Прилеп
-
Данева: Собранието го игнорира Уставниот суд