Амазон сака да го купи ТикТок пред да биде забранет во САД бидејќи е кинески
Компанијата Амазон практично понуди да ја купи платформата ТикТок, на која в сабота и се заканува забрана на територијата на САД бидејќи е кинеска, изјави синоќа функционер на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.
Официјалниот претставник, кој побара анонимност, рече дека Амазон ја дал понудата во писмо до американскиот потпретседател Џеј Ди Венс и министерот за трговија Хауард Лутник.
На денот на неговата претседателска инаугурација на 20 јануари, Трамп и даде дополнително време на платформата TикТок да најде купувач. Со тоа го заобиколи спроведувањето на законот донесен на иницијатива на двете најголеми американски партии. Тој закон за забрана на работењето на ТикТок го потврди и Врховниот суд на САД, оценувајќи дека е неопходен за националната безбедност.
Сопственик на TикТок е кинеската компанија Byte Dance, која според законот е обврзана да ја продаде својата платформа на некој што не е од Кина, во спротивно платформата ќе биде отстранета од интернет во САД.
Трамп посочи дека може да го продолжи одложувањето на стапувањето во сила на мерката, но рече и дека очекува некаков договор до сабота.
Амазон одби да ги коментира информациите, а Тик-Ток не одговори веднаш на барањето за коментар.
Ново на Сител
-
Во Собранието ќе заседаваат три комисии
-
СЗО: Една жена умира на секои две минути за време на бременост или породување
-
Дејли Мирор: Украина на бојното поле пушта 15.000 вооружени роботи - тивки убијци
-
Засилен северен ветер, наместа со услови за провејување на слаб снег
-
Сообраќајот по претежно влажни коловози, со остатоци од кашаст снег во повисоките делови
-
Филипче официјално избран за претседател на СДСМ на внатрепартиски избори
-
Вучиќ: Мандатар за состав на нова влада е Ѓуро Мацут
-
Забрана за сообраќај за тешки товарни возила на Струга – Ќафасан