Амано: Иран го почитува Договорот за нуклеарната програма
Иран целосно го почитува Договорот за иранската нуклеарна програма, изјави денеска во Техеран генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Јукија Амано.
Тој нагласи дека Иран ги почитуват своите обврски од догворот и побара тоа да го сторат сите негови потписници.
- Почитување на нуклеарниот договор е особено важно. Ние не сакаме негово анулирање и премнување на други варијанти. Иран целосно ги исполни своите обврски од договорот и сакаме и другите земји да го сторат тоа, рече Амано по средбата со иранскиот потпретседател и шеф на државната Агенција за атомска енергија, Али Акбар Салехи.
Салехи од своја страна изјави дека МААЕ досега не побарала од Техеран да и бидат дозволени нови инспекции на иранските нуклеарни објекти.
- Иран смета дека Договорот за иранската нуклеарна програма е исклучитечлно важен и не сака тој да пропадне, изјави Салехи.
Главна тема на средбата Салехи-Амано било почитувањето на нуклеарниот договор од страна на Иран.
Договорот за иранската нукеларна програма го склучија Иран и шесте светски сили - Велика Британија, Германија, Кина, Русија, САД и Франција во 2015 година. Со него, Иран се обврза да ја ограничи својата нуклеарна програма, во замена за укинување на меѓунардоните санкции кон Техеран.
Американскиот претседател Доналд Трамп кон средината на месецов го обвини Техерна дека не го почитува договорот и најави дека е моѓно САД да се повлечат од него.
Ново на Сител
-
Путин: Во Русија лани за тероризам биле осудени 1.075 лица
-
Првите луѓе на ЕУ ќе го посетат Киев на третата годишнина од руската инвазија
-
Откриено картелско работење
-
Жерновски отповикан од амбасадор во Романија - дознал преку „Службен весник“
-
Законот за високо образование ќе претрпи големи промени, најави министерката за образование Јаневска
-
МЖСПП: Милион евра грант од Шпанија за Охридското Езеро
-
Платформата на “СКОПСКО” продолжува со својата мисија за заштита на нашите природни богатства
-
Помалку превезени патници во патниот превоз во последниот квартал од 2024 година