Амандманската расправа за ребалансот на Буџетот за 2024 продолжува утре

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска на продолжението од третиот ден од амандманската расправа за ребалансот на Буџетот за 2024 година разгледа и не усвои 11 амандмани.
Најголем дел од амандманите беа поднесени од Европски фронт, а се однесуваа на средства за изградба на инфраструктурни проекти за водовод и канализација во Општина Кичево и општина Арачиново.
Не беа усвоени ниту амандманите од СДСМ за проект за водоснабдување во село Бистрица - Општина Битола, средства за проект за намалување на загубите на вода во Општина Валандово и амандманите за земјоделството, помеѓу кои беше и тој за предвремена исплата на субвенции за земјоделци.
Заменик-министерот за финансии, Николче Јанкуловски, во образложенијата за одбивање на амандманите наведе дека за дел се предвидени средства во рамките на Министерството за животна средина и просторно планирање, а за сите преземени обврски во однос на земјоделците се предвидени средства со ребалансот на Буџетот.
Претходно денеска Комисијата разгледа и не усвои 10 други амандмани и еден беше повлечен од предлагачите.
Десетте амандмани што не беа усвоени на првиот дел од денешната расправа беа, исто така, поднесени од пратениците од Европскиот фронт и со нив се бараа средства за инфраструктурни проекти во општините Липково, Долнени, Сарај, Центар Жупа, Гостивар и Врапчиште.
Во образложенијата за одбивањето на амандманите заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски ги повика општините да аплицираат со проекти во Министерството за транспорт и врски кое преку програмата за проекти за обнова и рехабилитација на локални патишта има обезбедено 107 милиони евра, а и од овој ребаланс на Буџетот за таа намена се обезбедени дополнителни 12,3 милиони евра.
Повлечен беше амандман поднесен од пратеничките од опозицијата Моника Зајкова и Бисера Костадиновска Стојчевска.
Согласно Деловникот, амандманската расправа треба да заврши за шест дена. За ребалансот на Буџетот беа поднесени 58 амандмани, но во текот на расправата дел од нив беа повлечени од предлагачите. Комисијата досега не прифати ниту еден амандман, а во изминативе три дена разгледа и одби вкупно 37 амандмани.
Седницата продолжува утре во 11:30 часот.
Ново на Сител
-

Ставен под контрола пожарот кај Црник
-

Шпанската полиција заплени 1,5 тони кокаин, меѓу уапсените е и еден хрватски државјанин
-

Пезешкијан: Меморандумот за разбирање со САД е најдобриот начин да се реши војната
-

Ангелов: Попладнево активни повеќе од 15 пожари, два од нив загрозуваат и населени места
-

Украина и Финска потпишаа договор за производство на дронови
-

Арагчи: Новите американски санкции се знак на очај и нема да го скршат Иран
-

Американските авиони поради кои Техеран и се закани на Софија ја напуштија Бугарија
-

Путин: Глорификацијата на нацизмот и неонацистичката идеологија е во темелите на модерната украинска државност
