Аманатидис: Граѓаните да го прочитаат договорот

Заменик министерот за надворешни работи на Грција Јанис Аманатидис ги повика Грците да го прочитаат договорот и сами да формираат мислење дали тој е добар како што тврди владата или не.
Аманатидис, во интервју за грчката телевизија „Епсилон“, коментирајќи ги негативните реакции во Грција и протестите пред канцеларии на пратеници, рече дека оние што протестираат се конкретни, познати и мали групи.
- Сметам дека треба да се објаснуваат детали, затоа што на народот веројатно уште не му е разјаснето што се случува со договорот. Го повикувам народот да го прочита договорот за да види дали она што го кажуваме ние, она што го велам јас и за иредентизмот и за малцинството е вклучено во договорот. Можат да го прочитаат и самите да формираат мислење, порача Аманатидс.
Во однос на содржината на договорот, заменикот на Коѕијас рече дека „е многу добар, не отвора врата за иредентизмот, туку затвора и крева ѕид“.
- Договорот е многу добар и коригира една негативна политика од изминатите години што не направи апсолутно ништо, истакна заменикот МНР на Грција.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, говорејќи за ставот на политичките партии, Аманатидис рече дека Движењето за промена, треба одново да ја испита позицијата во однос на договорот.
Ново на Сител
-

Мицкоски-Пленковиќ: Македонскиот пат кон ЕУ е исполнет со непринципиелни и неправедни блокади
-

Мотор влечел 12-годишно дете по улица во Драчево
-

Речиси 80 отсто од потрошувачката на струја во март е обезбедена од домашно производство
-

Три случаи на семејно насилство за едно деноноќие: приведени мажи во Битола, Куманово и Кичево
-

На ГП „Блато" приведен државјанин на Албанија, баран со меѓународна потерница
-

Зголемени трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување
-

Мицкоски и Пленковиќ потпишаа договор за стратешка соработка меѓу двете земји
-

Мурињо се согласи на двегодишен договор со Реал, услов е Перез да биде реизбран
