„Алтернатива“ предалга уставни измени со кои кривичните дела против службената должност нема да застаруваат
Алтернатива денеска излезе со предлог за уставни измени со кој очекува дека ќе се спречи сите избрани и именувани функционери во закондавната, извршната и локалната власт да се стекнат со противправна имотна корист.
Претседателот на партијата Африм Гаши денеска изјави дека очекува за овој нивни предлог да се обединат сите политички партии во земјата. Вели дека амандманот кој предлгаат да се внесе во Уставот е изработен во широка консултација со правните тимови на партијата и дека од денес предлог текстот ќе го стават на широка јавна дебата.
– Законите можат да имаат повратно дејство и во случаите поврзани со застарување на кривичната одговорност за сторени злоупотреби од страна на избрани и именувани лица при практикување на јавни овластувања со кои е причинета штета на јавните фондови, буџетските средства на централно и локално ниво и со таквите злоупотреби е стекната противправна имотна корист, е предлогот на Алтернатива.
Со овој амaндман, како што појасни Гаши, се дополнува членот 52 од Уставот на Република Северна Македонија.
– Овој амaндман ќе биде ст.5, ќе следи по ст.4 кој предвидува дека: „законите и другите прописи не можат да имат повратно дејство, освен по исклучок во случаи кога е тоа поповолно за граѓаните.“ Предложениот амандман ќе биде основ и ќе отвори можност со измени и дополнување со нов член 112-а во КЗ да се предвиди одредба со која евентуалните кривични дела сторени од избрани и именувани лица кои се категоризирани како кривични дела против службената должност, никогаш да не застаруваат. Ова подразбира и проширување на опфатот на конфискација на противправно стекнат имот впишан на трети лица, рече Гаши.
Во однос на барањето на дел од албанските партии да се избрише од Уставот формулацијата „јазикот што го говорат повеќе од 20 проценти….“, од Алтернатива велат дека се согласни, но дека дебатата за ова прашање треба да се води внимателно бидејќи, како што посочуваат, не смее да има победници и поразени.
– Сакаме да бидеме јасни. Алтернатива се спротиставува на сите обиди за негирање на македонскиот јазик и идентитет. Целосно ја разбираме чувствителноста на ова прашање за нашите сограѓани Македонци. Затоа, сакаме преку градење заеднички пристап взаемно да ги разбереме и решиме сите заеднички грижи, велат од Алтернатива.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Татјана Стојановска, активист во иницијативата О2
-
30 конгрес на СДСМ - Отчет за поразот и избор на телата на партијата
-
Ахмети: Без Aлбанците, Македонија нема иднина
-
Владата и банките договорија 1,95% камата за унгарските пари
-
Автопатот Охрид - Кичево готов до 2026 година
-
Мицкоски: Од следната летна или есенска сезона очекувам да има нови електрични автобуси
-
Регионална депонија во Новаци во стар рударски коп на РЕК Битола
-
Во ООУ „Наум Охридски“ во Булачани отворена нова спортска сала за 200 ученици