Алтернатива: Начинот на кој преговара Алијанса за влез во Влада ги отуѓува другите од блокот за ЕУ
Начинот на кој Алијанса на Албанците преговара за влез во Владата на Ковачевски, нема да обезбеди 80 пратеници за уставни измени туку ќе ги оддалечи останатите партии од владината коалиција од ЕУ блокот, реагираат од партијата на Гаши по информациите дека ако има договор за коалицирање Таравари ќе земе најмалку едно министерство на Алтернатива, а се споменува дури и излегување на партијата од Владата.
- Ние немаме намера да преговараме преку медиуми, како некои други партии. Имаме принципиелен став: кој има проблем, тој треба да ја поднесе цената за да си го реши проблемот. Најпроблематично во целиот овој процес е што начинот на кој се водат овие разговори, само го разводнува целиот блок партии кои се за ЕУ интеграции. Каква порака кон оние кои го поддржуваат ЕУ проектот праќа овој начин на преговори? Ако се продолжи на овој начин, останатите партии, само ќе се отуѓат од овој блок. Така, ќе бидеме дупло голо: ем нема 80 за уставни измени, ем про-ЕУ блокот со нарушен кредибилитет. Не сакаме да веруваме дека некој сака да го наруши про-европскиот коалициски капацитет. Кој мисли дека лесно може да ги наруши тие принципи, ќе плати висока цена. Ние сме подготвени за сите предизвици. - велат од Алтернатива.
Оваа партија влезе во коалиција со СДСМ и ДУИ по договорот Гаши - Заев точно пред една година за да го засили владејачкото мнозинство во име на ЕУ агендата откако пропадна тогашниот обид на опозизицскиот лидер Мицкоски токму со Алтернстива, Алијанса но и БЕСА која тогаш беше дел од Владата да го сруши кабинетот на Заев.
Катерина Нешкова
Ново на Сител
-
50 години Институт за безбедност, одбрана и мир
-
Тошковски: МВР издаде пасош за Јахоски по одлука на судот
-
50 години Институт за безбедност, одбрана и мир
-
Дел од синдикатите на средба со претседателот на Комисијата за економски прашања
-
Банско криe богата средновековна историја
-
Преглед на вестите од светот
-
Десеттина ученици се фатени како препишувале на првиот испит од државната матура – какви мерки им следуваат?
-
Со една изборна единица до поголема демократизација