Алтернатива: Министерот Алиу си го поставил зетот за шеф на кабинет
Пред неколку дена, лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари рече дека “ако се потврди дека Министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, го има вработено неговиот зет за шеф на неговиот кабинет, ќе се повлече самиот тој, или ќе го разреши министерот Алиу“.
Податоците на Министерството за информатичко општество и администрација покажуваат дека Дритан Даути е вработен како посебен советник- Шеф на Кабинетот на министерот за информатичко општество и администрација. Бидејќи се покажува дека е точно, дека министерот Алиу го има вработено својот зет за шеф на неговиот кабинет, и самиот мимистер јавно пред мњдиумите призна дека му е зет, тогаш бараме од Таравари да си го одржи ветувањето и да даде своја оставка или пак да го разреши министерот Алиу.
Исто така бараме од Комисијата за Антикорупција да отвори предмет за овој јасен случај на непотизам.
Ваквите случаи на фамилијарно вработување за жал придонесуваат на директен начин во заминувањето на младите од земјата, заминувањето на професионалците бидејќи тие гледаат дека непотизмот продолжува да цвета во нашата земја.
Една партија која влезе во владата тврдејќи дека поинаку ќе владее, се гледа дека многу брзо ги има целосно превземано формите на владеење на нивниот партнер ДУИ, кои се шампиони за непотизам.
Доволно е да се види изразот на лицето на министерот Алиу на прашањето дали го има вработено неговиот зет како шеф на кабинетот за да стане јасно во какво дереџе е падната Алијансата за Албанците.
Алтернатива
Ново на Сител
-
ОЈО поведе истрага за пожарот во Трубарево
-
Муцунски во посета на САД, средба со конгресмени и сенатори
-
Протест со повик „Ниту една повеќе“
-
Тема на денот со Сузана Јошевска Анастасовска, адвокатка
-
Две години затвор за Лидија Димова, треба да врати над 350.000 евра на Националната агенција за европски образовни програми
-
Трубарево и Дрисла под контрола - учениците во четирите училиште в понеделник се враќаат на настава
-
Политички реакции за фемицидот во Велес
-
Стартуваа обуките за јавната администрација - премиерот најави департизација на јавниот сектор