Алпинисти, велосипедисти, кајакари на Фестивал кај Демиркаписка клисура
Алпинисти, велосипедисти, кајакари, параглајдеристи и многу други учествуваат на петтиот по ред Фестивал кај Демиркаписка клисура, кој викендов се реализира во Демир Капија.
Настанот е во организација на Спортскиот клуб „Клисура“ и локалната самоуправа.
Интернационалниот Фестивал за спортови во природа денеска го отвори градоначалникот Лазар Петров. Тој изрази задоволство што од година во година настанот станува се попрепознатлив, а бројот на учесници и посетители константно се зголемува.
- Во текот на фестивалските денови уникатната демиркаписка клисура која е идеална за сите видови на спортско рекреативни активности, ќе биде место за дружење на бројните љубители на природата и спортот, за сите кои сакаат да побегнат од едноличното и напорно секојдневие и истото да го заменат со дружење и забава во прекрасната природа, рече градоначалникот.
Спортувањето е, нагласи, здрава навика која треба да биде составен дел од животот од најмлади години. Тој информираше за активностите кои ги презема општината во таа насока.
За време на фестивалот, предвидена е богата програма. Покрај учеството во бројните активности, присутните кои можат да се сместат во шатори, имаат можност да ги посетат и двете винарии во Демир Капија. Слободен е влезот во музејот на виното.
Денешната рекреативна прошетка со велосипеди, ја предводеше градоначалникот Петров.
Ново на Сител
-
75 години Друштво на филмски работници - почнуваат денови на македонскиот филм
-
Финансиската полиција со кривични пријави од над една милијарда денари изминатата година
-
Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-
Пратенички прашања во Собрание
-
Муртезани: 26 земји во Унијата го признаваат македонскиот јазик и идентитет, освен Бугарија
-
Македонија ќе одвои 5% од БДП за одбраната, експертите: Одлуката е неопходна, а парите ќе се вратат во економијата
-
Африм Гаши негира негова смена од спикерското столче - во ВРЕДИ се било во ред
-
Левица со интерпелација за Јавниот обвинител