Алкохолот е поопасен и од кокаинот и од хероинот

Супстанцата која е најштетна по здравјето на луѓето не е како што многумина претпоставуваат и мислат, хероин, кокаин или некој слична природна или синтетичка хемиска супстанца.
Потполно е легална и секојдневно ја конзумираат милиони луѓе, па сепак научните параметри покажуваат дека катастрофално влијае врз човечкиот живот. Можеби некои претпоставија веќе дека тоа е алкохолот.
Можеби е чудно, но различни фактори укажуваат на тоа дека е така. Поранешниот советник на британската влада за дрога, Дејвид Нут и неколку европски експерти дошле до овој заклучок, користејќи 16 параметри кои се користеле да измерат какво дејство има алкохолот врз здравјето и животот на човекот.
Покрај алкохолот, во истите параметри на мерење биле вклучени уште 20 природни или синтетички хемиски супстанци. На листата на параметрите биле: смртноста, зависноста, менталното оштетување, губењето на домот или работата, криминална активност, нанесување на телесни повреди па дури и материјална штета нанесена на државата.
На второ и трето место се сместиле хероионот и кокаинот.
Најмалку 3,3 милиони луѓе годишно умираат од прекумерно консумирање на алкохол. Според Светската здравствена организација, тоа е 5,9% од вкупните смртни случаи годишно, што значи дека на секои 10 секунди едно лице умира од алкохолот.
Ново на Сител
-

Повредените од „Пулс“ во следна фаза на лекување
-

Три пропаднати огласи, четврти обид за избор во Судскиот совет
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Тони Менкиноски, адвокат
-

САД обезбеди дизел од Русија, во Европа ќе има недостиг до 2027
-

Бугарското МВР ја добило меѓународната потерница за Михаилова, не презеле ништо за нејзино лоцирање
-

Партиите си ја префрлаат вината – Кој го дозволи бегството на Ива Михаилова
-

Груби „победнички“ излезе од куќен притвор
