Алиу: Одземени лиценците на шест компании кои одгледуваат марихуана за медицински цели поради констатирани недоследности

На шест компании им се одземени лиценците за одгледување канабис за медицински цели. Кај нив се констатирани низа недоследности, соопшти денеска министерот за здравство Азир Алиу на прес-конференција во Владата.
Одземени им се лиценците, како што рече, на Алфафам, која беше замешана во шверцот на марихуана во Србија, потоа Грин лајф, ЦБД медплант, Лајф плант, Атафарм, Канабидоис.
- Одлуките на Владата се засноваат на наодите од извршените контроли - несоодветно складирање на сувиот цвет, недоследни известувања до Комисијата, недоставена целосна документација за продажба и трансфер ...., посочи Алиу.
Покрај досега спроведените контроли во 13 правни субјекти, Алиу најави контроли во сите 43 правни субјекти кои одгледуваат канабис за медицински цели.
Поради пропусти и можност за злоупотреби констататирани во постоечката законска регулатира, Алиу најави ново законско решение кое ќе биде донесено кога ќе завршат контролите во сите 43 правни субјекти.
- Детектиравме пропусти во законот и ќе имаме ново законско решение кое нема да може да се злоупотреби. Тоа ќе го оставиме на стручните лица, но ќе имаме законско решение кое ќе биде во согласност со ЕУ директивите и она што недостига на терен, рече Алиу.
МИА
Ново на Сител
-

Реми на македонските ракометари со Австрија
-

ФФМ усвои нов Статут и најави четиригодишна стратегија за развој на македонскиот фудбал
-

Владата утре во 12 часот со вонредни мерки за горивата
-

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено распаднатото тело на жена
-

Шест лица уапсени за семејно насилство, вкупно седум пријави во последното деноноќие
-

Тело на жена во распаѓање пронајдено во близина на Зрновска Река
-

Пожар во куќа во Прилеп, повреден пожарникар
-

Осумгодишно дете прегазено на патот Радовиш-Конче
