Алиу: На уште три компании за одгледување марухуана ќе им се одземат лиценците, а уште една се анализира

По одземањето на лиценците за одгледување марихуана на шест компании, во наредниот период ќе им бидат одземени на дополнително уште три фирми, а четвртата се анализира, откри денеска Министерот за здравството, Азир Алиу кој одговараше на прашање до каде се анализите и инспекциите во ваквите компании.
- Досега 23 компании се процесуирани, досега три се сигурни дека ќе се одземат лиценците. Четвртата се анализира, изјави Алиу.
Претходно на 24 февруари, министерот Алиу на прес-конференција информираше дека на шест компании се одземени лиценците, а од кои четири фирми се дел од скандалот со шверцот на марихуана.
- Недостатоци има од различни аспекти – од административна гледна точка, од инфраструктурна гледна точка, од технолошка гледна точка, од човечки капацитети. Во некои од нив, внатрешната инфраструктура за следење, камерите не работат. Во дел од нив нема човечки капацитети, а во дел нема обезбедување. Засилените вонредни контроли ќе се извршат кај сите правни субјекти, односно, вкупно ќе бидат опфатени 43 правни лица“, изјави на 24 февруари министерот за здравство, Азир Алиу.
Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција има отворено истрага за шест лица поврзани со петте тони марихуана, кои беа пронајдени во Коњух, а излегле од Македонија преку граничниот премин „Табановце“. Првоосомничен е ко-сопственикот на скопската фирма „Алфафарм“.
МИА
Ново на Сител
-

Путин не ја исклучува можноста за зближување со Европа
-

Рубио: САД очекуваат воената операција во Иран да заврши за неколку недели
-

МВР веднаш го расчисти денешното убиство во Охрид, приведен осомничениот за стореното кривично дело
-

Burnout - Тивко Согорување | Розалија Секулоска | Sitel Podcast
-

Иран соопшти дека се нападнати две нуклеарни постројки
-

Хакерски упад во електронската пошта на директорот на ФБИ
-

Обилните дождови предизвикаа поплави во повеќе градови во ОАЕ
-

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари
